ОСТАНАЛА БРЕМЕНА ОД ДОНАТОР: Кога се обидела да го пронајде таткото на нејзиното дете…

Многу девојки имаат слични идеи за љубовта и животот.Лесно е да се поверува дека на крајот се ќе се случи баш како на филм – знаете она кога убава девојка несреќно се забавува со некој спортист кој се однесува ужасно кон неа, но тогаш запознава неверојатно момче кој „воопшто не е нејзин тип“ но резултатот е епска пресметка помеѓу две момчиња, кој ќе го придобие нејзиното срце? Да, тој. Па свесни за тоа или не, животот не е ни малку сличен на филм.
Ова нокој не го знае подобро од Амина Харт.
Нејзината приказна не е ни слична на ниедна која сте ја слушнале претходно.
Амина, како и многу девојки сонувала дека ќе го најде принцот на белиот коњ и дека ќе има деца и семејство и дека ќе живее среќно до крајот на животот. За жал за неа тоа не било баш така. Романтичниот аспект во нејзиниот живот почнал добро, запознала човек кој го сакала, тие се венчале и набрзо го добиле своето прво бебе. Го нарекле Марлон.
Сепак набрзо сфатиле дека нешто не е во ред со Марлон.
Детето имало некои рани компликации и после само 4 месеци, првороденчено на Амина починало. Докторите и рекле дека тоа е поради генетско пореметување, не биле во состојба правилно да ја постават дијагнозата. Губењето на детето ги уништило родителите, а на крајот тоа довело и до проблеми во нивниот однос, за на крај да дојде до развод.
Пред да сфати, Амина го изгубила целото свое семејство.
Амина не ја изгубила надежта. На крајот запознала нов човек и тие двајца одлучиле да се обидат да имаат бебе. Девет месеци подоцна Амина го родила своето второ дете Луис. Меѓутоа повторно следела трагедија и Луис починал два месеци по неговиот прв роденден. Амина почнала да губи верба и надеж дека некогаш ќе биде мајка како што секогаш се надевала.

Сепак, овој пат докторите ја нашле причината.
Смртта на двете бебиња била предизвикана од состојбата која таа им ја пренела “X-linked miotubular miopatia” – состојба која влијае на мускулите кои се користат за движење. Амина се исплашила дека никогаш нема да роди здраво дете, а очајнички сакала да биде мајка.

Следела најтешката одлука во нејзиниот живот, особено поради тоа што постоела шанса 1 : 4 дека ќе роди бебе со иста состојба која ги убила нејзините две претходни деца…

 
 

Мислела долго и на крајот одлучила на мајчинството да му даде последна шанса. Кон крајот на 2011 година, таа избрала донатор по име Скот Андерсон, а 9 месеци подоцна родила здраво бебе, девојче по име Лејла. Амина не можела да верува, после толку болка и трагедија, конечно го добила тоа што отсекогаш го сакала – здраво бебе. Но тоа не е се….
Се се променило кога ја одвела Лејла да го запознае својот биолошки татко.

Скот Андерсон бил повеќе од среќен што ќе ја запознае Амина и неговата ќерка, па на крајот се сложиле да продолжат да се гледаат на неколку недели. Скот и Лејла веднаш формирале врска, а рабработите почнале да цветаат и помеѓу Амина и донторот.
Амина се уште не знаела, но работите почнале да стануваат интересни…
Амина и таткото на нејзиното дете почнале да се гледаат „неофицијално“, што брзо прераснало во сериозна врска, а после некое време тие двајца се вериле. После така долго патување кое било исполнето со постојана тага и скршено срце, Амина конечно го пронашла тоа што отсекогаш го сакала.

Нејзината приказна совршено ја покажува мистеријата околу љубовта. Ние можеме да мислиме дека некои работи ќе се случат на одреден начин, но во стварноста никој не може да предвиди што тоа животот има во план за секој од нас.
Бидејќи и покрај се, љубовта може да се случи и кога најмалку се надевате.Лесно е да се поверува дека на крајот се ќе се случи баш како на филм – знаете она кога убава девојка несреќно се забавува со некој спортист

Пронајдете не на следниве мрежи: