Последните пет години беа вистински пекол за Саманта Годард кога почнала да го пие погрешно препишаниот лек „Тамфлу“, бидејќи лекарите мислеле дека има свински грип.Силната алергиска реакција на лекот доведе до големи здравствени компликации поради кои Саманта била на работ на смртта. Иако и рекле дека нема да може да има деца, Саманта (23) по некое чудо успеала да забремени и сега повторно има причина да му се радува на животот.
Саманта се разболела кога имала 18 години. Ушите и грлото ја болеле и многу кашлала. Отишла на преглед, а лекарот според симтомите веднаш ја упатил кон одделот за вируси бидејќи се сомневал дека има свински грип. Тамошните специјалисти заклучиле дека Саманта боледува од свински грип, па и го препишале лекот „Тамфлу“.
Меѓутоа, веќе наредното утро и излегол осип по градите и имала многу висока температура. Кога докторот ја прегледал, заклучил дека веројатно има шарлах, па и препишал пеницилин наместо лекот кој го пиела.
Ни тоа не и помогнало, а истиот ден мајката на Саманта забележала дека ќерка и има пликови. Кога се вратила во болницата, брзо ја префрлиле на инфективниот оддел каде што и беше дијагностициран Стивенс Џонстоновиот синдром.
Но, ситуацијата и се влошила. Лекарите ја ставиле на апарати, а лицето и било изгорено од пликови, па морале да и ја истрижат косата. Очните јаболки и биле толку оштетени поради пликовите, што најмалото количество на сончева светлина ужасно би и пречела. За нејзина среќа, откриено е дека нема свински грип.
По извесно време била пуштена дома, но периодот на закрепнување бил тежок и болен. По две години, утврдено е дека видот ќе и биде трајно оштетен, како и дека нема да може да има деца.
Саманта се запишала во училиште за слепи и се научила да оди со стап, како и да ја чита Браевата азбука. Исто така, таа ја тужеше болницата која и го препишала погрешниот лек и од кој нејзиното здравје било сериозно загрозено.
Минатата година таа го запознала своето момче во училиштето за слепи и дознала дека е бремена. Иако се разделила од тоа момче, Саманта едвај чека да го роди синчето кои го носи.
„Не можете да останете лути засекогаш. Мора да живеете со полна пареа, а мојот син ми дава сила да и се радувам на иднината“, рече Саманта.Силната алергиска реакција на лекот доведе до големи здравствени компликации поради кои Саманта била на работ на смртта. Иако и рекле дека нема да



