Останала заклучена во ладилник, но животот ѝ го спасила само една работа!

Оваа приказна ќе ви биде во корист. Доволно е да одвоите неколку минути и да ја прочитате…Лејла работела во фабрика за месо. Еден ден кога ѝ завршила смената, отишла во ладилникот за да провери нешто и во момент на невнимание вратата се затворила и останала заклучена. Иако викала помош, никој не ја слушал бидејќи сите вработени биле заминати, а и да имало некој присутен немало да ја слушне бидејќи ладилникот бил изолиран.
Останала во таа престудена просторија и знаела дека е осудена на смрт ако остане таму до следното утро. По неколку часа, Лејла веќе била замрзната и се простувала од животот. Сепак, во еден момент вратата ја отворил ноќниот чувар и ја извлекол од ладилникот.
Кога го прашала чуварот зошто дошол до ладилникот и ја отворил вратата, иако тоа не е негова вообичаена рутина, тој ѝ објаснил:
„Работам тука веќе 35 години. Десетина вработени влегуваат и излегуваат тука и ти си една од ретките кои ме поздравуваат. Многумина ме третираат како да не постојам. Денес кога дојде ми рече: Добро утро! Како сте? – и се насмеа. Но, после смената забележав дека не го слушнав твоето: До гледање! Се гледаме утре. Тие зборови ме потсетија дека сум човек. Знаев дека нешто недостасува и тргнав во потрага низ фабриката и така те пронадов.“
Лекција: Третирајте ги луѓето со почитување. И чуварот и чистачката се луѓе како вас. Ценете ги луѓето кои умеат да разговараат со доктор на наука, но и да бидат љубезни со некој кој во тој момент и на пониска позиција. Никогаш не се знае што ќе доживеете следното утро. Лејла работела во фабрика за месо. Еден ден кога ѝ завршила смената, отишла во ладилникот за да провери нешто и во момент на невнимание вратата се

Пронајдете не на следниве мрежи: