Хунтата ја уништи демократијата и правната држава. Државата е заробена, а институциите претворени во алатка на партискиот врв, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението од партијата се истакнува дека судството е киднапирано и не одлучува согласно законите и Уставот, туку по диктат на власта. Правда и правичност се страни поими за правосудниот систем под контрола на хунтата.
-Правосудните органи се користат како средство за замолчување на слободномислечките граѓани, партиските опоненти и искрените патриоти. СДС во 21 век, среде Европа повторно ја оживеа инквизицијата, неосновано затворајќи го секој еден кој не се согласува со нивните политики. Монтираниот прогон против 36-те недолжни граѓани, меѓу кои актери, уметници, архитекти, пратеници и полициски службеници со накалемено дело тероризам има за цел да го замолчи македонскиот народ, кој треба да остане нем набљудувач на раскрчмувањето на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиското соопштение се наведува дека е неосновано обвинението за тероризам, за кое се обвинуваат овие 36 луѓе, неоснован е прогонот против луѓе кои целиот свој живот не извршиле кривично дело.
-Хунтата тоа го знае, но нема друг начин за заплашување на граѓаните освен преку монтирани случаи да ги носи по затвори. ВМРО-ДПМНЕ најостро се спротиставува на оваа неправда. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците се додека овој реваншизам и тенденциозен атак не престане. Потребно е национално помирување, а не поделби и леење зла крв во македонското општество, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците се додека ова лудило на власта не престане.
ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:
– Крстосницата кај „Мавровка“;
– Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.Во соопштението од партијата се истакнува дека судството е киднапирано и не одлучува согласно законите и Уставот, туку по диктат на власта. Правда