Остатоци од снег на дел од патиштата, магла кај Плетвар и Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo претежно влажни коловози. На повисоките места во североисточните и источните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на Јавното претпријатие „Македонија пат“. Поради појава на магла, видливоста на планинските премини Плетвар и Ѓавато е намалена до 100 метри, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез

Пронајдете не на следниве мрежи: