Поради обемноста на материјалот и потребите на истрагата, подигањето и пренесувањето на остатоците од урнатиот авион ќе продолжи и денеска, информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија.Екипи, како што наведуваат од Обвинителството, од вчера на местото на настанот работат на подигање и пренесување на остатоците од авионот, кои во текот на увидот беа означени и обезбедени. Остатоците и другиот материјал ќе бидат пренесени на локација обезбедена од ОЈО Скопје, каде стручни лица ќе извршат неопходно вештачење.
– Завчера заврши снимањето со дрон на местото каде се случи авионската несреќа во близина на село Кожле, скопско. Во вечерните часови се изготвени снимките и предадени на натамошно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје. Снимките во корелација со останатиот прибран доказен материјал ќе бидат предмет на анализа на јавните обвинители и стручните лица од формираниот тим за истрага на авионската несреќа, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Завчера во Институтот за судска медицина се пренесени телата на шестмината починати патници од авионот. По наредба на јавен обвинител ќе биде спроведена постапка на нивна идентификација преку ДНА анализи.
Како што објавија италијанските медиуми, со авионот управувал 59- годишниот пилот Франческо Монтањер, претседател на аматерскиот спортски аероклуб „Тревизо“. Со него биле и потпретседателот на клубот, 62-годишниот Дарио Бастасин, Лука Дале Муле, одговорен за администрацијата во клубот, и Ангело Калегари, како и Иларија Бертио и Висар Бегај од Косово, кои имале и италијанско државјанство.
Заедно со уште три авиони на клубот, паднатиот авион на 6 септември попладне полетал од Тревизо. Планирале да патуваат во Приштина, а над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување гориво.Екипи, како што наведуваат од Обвинителството, од вчера на местото на настанот работат на подигање и пренесување на остатоците од авионот, кои во т