Оставате ли добар впечаток ?

При запознавање првиот впечаток е најважен. Дали ќе добиете втора шанса да се претставите себе си, зависи од впечатокот што го оставате на првата средба.
Еве што луѓето забележуваат на првата средба и на што посветуваат најмногу внимание:
1.Чевли
Се смета дека чевлите се најдобар индикатор за вашиот социјален статус но и за вашите години. Притоа, мажите кои носат класични машки чевли оставаат впечаток дека се непријатни и  арогантни,  оние што носат стилизирани чевли се богати, а пак мажите што преферираат полу-чизми се агресивни.
2.Шминка
Според истаражувањата жените што вообичаено се дискретно нашминкани се атрактивни и остават впечаток дека се со висока самодоверба. Жените пак кои преферираат тешка дневна шминка односно шминка што се препорачува за вечерни настани не оставаат позитивен впечаток, односно луѓето сметаат дека се активни но непрофесионални и без самодоверба.
3.Заби
Слика дека сте успешни, среќни и задоволни се вашите заби, затоа потребно е да имате здрави и убави заби.
4.Здолниште
Истражувањето покажува дека жените што често носат здолниште оставаат впечаток дека се попочитувани во општеството но и дека се многу поженствени  од жените што често носат панталони.
5.Држењето на телото
Доколку сакаме луѓето да не сфатат озбилно  потребно е да го држиме нашето тело исправено. Имено, луѓето што имаат ваков телесен став остават впечаток дека се со авторитативни и со висока самодоверба.
 
 При запознавање првиот впечаток е најважен. Дали ќе добиете втора шанса да се претставите себе си, зависи од впечатоко

Пронајдете не на следниве мрежи: