Оставете го лавот да спие: Пристигна „појас за невиност“ за мажи

Не знаеме дали ќе добиете сет на кујнски ножеви доколку нарачате веднаш, но знаеме дека секоја роба има свој купец, па така за околу 110 евра во нечии домови може да пристигне ова.
Мажите кои не можат да се воздржат од сексуалните активности , конечно можат да се опуштат бидејќи американската компанија CB-X на пазарот пласираше нов појас на невиност.
Станува збор за „оклоп“ кои просто се натегнува на пенисот, па потоа се заклучува. Мокрењето при тоа е овозможено, бидејќи секој од оклопите имаат дупка предвидена за таа цел.
– Оној кој ќе го чува клучот ќе има потполна контрола врз нагоните за кои користи овој уред – напишал произведувачот меѓу останатото.

 
Оклопот можат да го купат и жени како подарок за саканиот
Оклопот, нормално дека можат да го купат и жените кои се сомневаат во верноста на својот партнер, а можат и своеволно да го носат оние кои сакаат да останат девици до брак.
Исто така, постои можност „заробеникот“ да се пушти на слобода дури кога неговиот сопственик ќе го заслужи тоа, а така всушност и настанал овој појас.
Всушност, тој е измислен од страна на Jason Yates, кој со својата сопруга имал секс кога таа ќе го наградела вадејќи го клучот од својот градник.
Компанијата на пазарот пласирала неколку модели со разни дизајни, а нивната цена изнесува негде околу 110 евра.
 Не знаеме дали ќе добиете сет на кујнски ножеви доколку нарачате веднаш, но знаеме дека секоја роба има свој купец, па така за околу 110 евра во не

Пронајдете не на следниве мрежи: