Оставете го мобилниот телефон настрана најмалку еден час пред спиење

Професорот по психологија Дан Сигел, од UCLA School of medicine, проучува како користењето мобилен телефон непосредно пред спиење влијае врз нашиот мозок и тело.„Луѓето ги изложуваат своите очи на сноп фотони од екранот, а тие на нашиот мозок му велат: `Остани буден, не е уште време за спиење`“ – изјави др. Сигел.
Поради тоа, ние одиме да спиеме подоцна, а ако не спиеме меѓу 7 и 9 часа секоја вечер, одговорните клетки нема да можат да ги исчистат сите токсини и невроните не можат да се одморат. Околу пет отсто од луѓето во светот се генетски поинакви, па ним им е доволно и помалку сон, но на 95 отсто од луѓето им се потребни 7-9 часа сон.
Помалку сон влијае врз нашето помнење, нивото на стрес, решавање на проблемите, дури се нарушува и нивото на хормонот инсулин кој го регулира метаболизмот, па полесно се дебелее.
Доктор Сигел препорачува барем еден час време пред спиење да се повлечеме од сите екрани кои можат да влијаат негативно врз нашиот мозок.„Луѓето ги изложуваат своите очи на сноп фотони од екранот, а тие на нашиот мозок му велат: `Остани буден, не е уште време за спиење`“

Пронајдете не на следниве мрежи: