Специјалното јавно обвинителство е последна надеж за оспорување на волјата на народот, односно за извојување на битката на странските сценаристи со ВМРО-ДПМНЕ како победник на изборите, пишува Дневник.Извори на „Дневник“ велат оти eден амбасадор повторно го притиснал алармот во СЈО давајќи насока останатите предмети да се стават на страна, а фокусот целосно да биде на партијата и нејзиното раководство. Пред да замине на прослава на божиќните празници со семејството амбасадорот си нарачал пресметка со партијата што победи на изборите. Насоката до кооперативните обвинители од СЈО била по секоја цена да се оди со истрага за партијата и раководството за тоа како се финансирале претходните избори.
Наредбата ја пренел еден од обвинителите пред целиот колегиум на СЈО јавно посочувајќи кои се очекувањата на амбасадата. Тој на своите колеги им укажал дека рокот во кој се очекува ваков резултат од СЈО е крајот на јануари или најдоцна до средината на февруари.
Очигледно е дека сценаристите на проектот за редефинирање на Македонија с` уште не го кажале последниот збор и не кренале раце од својата инвестиција. Сега очекувано ги вадат последните џокери бидејќи гледаат дека народот не ја напушта партијата која по с` што се случуваше во овие две и пол години изборите ги заврши како победник со 450.000 гласа, само 30.000 помалку од претходните, наводно некредибилни избори. Од друга страна, пак, повеќе од очигледно е дека Зоран Заев нема да може да го испорача тоа што го ветуваше затоа што двегодишниот проект пропадна со објавувањето на резултатите.
Операцијата почна уште во октомври
Затоа сега Kатица Јанева и специјалното јавно обвинителство влегуваат во нова улога на извршители на одмаздата на сценаристите што не можат и не сакаат да се помират дека народот го кажа своето.
Целата операција за овој предмет започна уште на почетокот на есента, а на крајот на октомври кога ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека се вршат притисоци и се заплашуваат членови на партијата за да се изнудат невистинити изјави со кои би се инкриминирала партијата и раководството. Целта на тогашната операција беше пасивизирање на членството и повлекување на активистите во кампањата што претстоеше.
-Ваквите обиди СЈО да повикува што е можно поголем број членови на ВМРО-ДПМНЕ и да ги принудува да дадат некакви лажни искази или изјави нема да помине и нема да успее да ги заплашат или демотивираат членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Членовите од тимот на Kатица Јанева се служат со истите незаконски методи, со уцени и лажни ветувања, се убедуваат да ги натераат граѓаните да се дистанцираат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и да даваат лажни искази, изјави тогаш Антонио Милошоски, член на извршниот комитет на партијата.
Тогаш партијата цитира и разговори на луѓе од тимот на Јанева и оние повикани од ВМРО-ДПМНЕ:
– Никој нема да ти каже благодарам доколку не дадеш соодветна изјава, биди паметен сега си повикан како сведок во СЈО и дај изјава каква што ни е потребна, доколку не, следниот пат ќе бидеш повикан како обвинет, тие нема да ти го гледаат семејството, ние можеме да ти помогнеме ако дадеш добра изјава што ќе ни користи во обвинителството – им се заканувале обвинителите.
„Дали донирате пари за ВМРО-ДПМНЕ“
Некои од повиканите и јавно проговорија. Ги прашувале дали се членови на ВМРО-ДПМНЕ и дали донирале пари за партијата.
– Јас им кажав дека сум член од многу одамна, повеќе од 15 години, и дека сум донирала средства, а тоа ќе го правам и во иднина – вели Цена Матевска-Дуза од Kрушево. Биле распрашувани и членови од Охрид.
– Нормално, одговорив дека сум член на таа партија веќе 26 години и дека сум еден од основачите на партијата во Охрид. Имам давано донации и ќе продолжам да донирам во зависност од моите можности. Последната донација ми беше за поплавите во Скопско и тоа ќе го правам во зависност од моите можности – рекол Стефан Трпеноски од Охрид.
Откако сценаристот на операцијата увиде дека доживеа тотален дебакл на изборите, сега целта на целата операција не е веќе заплашување, туку директна пресметка со ВМРО-ДПМНЕ. Нарачателот сега има намера да ја инкриминира партијата намалувајќи ги капацитетите за коалирање, но и да нанесе поголеми штети во пресрет на локалните избори.Извори на „Дневник“ велат оти eден амбасадор повторно го притиснал алармот во СЈО давајќи насока останатите предмети да се стават