Оставил напојница од 3000 долари на келнерка, а причината треба сите да не мотивира

Маж по име Мајк од Њујорк, минтата недела на келнерката која го послужила ѝ оставил напојница од 3000 долари на сметка од 43,50 долари.„Таа жена не послужува скоро година дена. Прекрасна личност, а ни ракажа како минатиот месец добила известување за присилно иселување“, открил Мајк за АВС.
Дополнителен поттик за овој чин на љубезност била и фондацијата „ReesSpecht Live“ која ја основал неговиот професор со својата сопруга, кога синот стар година и шест месеци им се удавил.
„Веќе некое време размислувам за неговиот проект и компанијата па мислев дека сега е добро време нешто да превземам“, рекол Мајк.
Фондацијата делува по принципот „плаќање однапред“, а брачниот пар Спеч ја основал за да им се заблагодари на сите кои им помогнале откако им се удавил синот. Еден од примерите на работата на фондацијата може да биде и плаќање на кафе во кафуле, кое нема да го испие оној кој го платил, туку ќе го препушти некому кој не може да плати.

Семејството Спеч за почеток направило 5000 картички со кои ги поттикнувале луѓето  да платат нешто однапред за оние кои немаат пари, а до сега поделиле повеќе од 100.000 картички.
Мајк додал  дека сакал да  ѝ помогне на келнерката да плати за изнајмување на стан на Менхетн.

„Тие пари навистина ѝ беа потрбни. Чувствувам дека ја сторив вистинската работа, бидејќи таа сега е мног среќна. Рече дека ќе се посвети на работата на фондацијата и дека ќе почне да плаќа работи однапред“.
Токму ваквите ситуации  професорот Среч и неговата жена ги посакувале кога ја отвориле фондацијата.
„Се што сакаме е да направиме разлика во светот. Ншиот син немаше можност , имаше само 22 месеци, а се што сакав е да знае  дека инспирирал некого кого не го ни познавал да направи нешто“, рекол професорот Спеч.„Таа жена не послужува скоро година дена. Прекрасна личност, а ни ракажа како минатиот месец добила известување за присилно иселување“,

Пронајдете не на следниве мрежи: