ОСТАВИЛ ПОРАКА ВО АВТОМОБИЛОТ ВО СЛУЧАЈ НЕКОЈ ДА МУ ГО УКРАДЕ: Се случи нешто несекојдневно!

Корисникот на Редит со името Mfiasco, постави фотографија од пораката што ја оставил во касетата од автомобилот за која тврди дека резултирала со враќање на автомобилот откако бил украден.Непознато е дали автомобилот навистина бил украден или не, бидејќи самата процедура не би имала никаков полициски извештај.
Но, убаво е да се прочита приказна во која оставањето на убава порака е поефективно отколку да се прават злобни потези.
Авторот на пораката очигледно претпоставил дека автомобилот ќе му биде украден, па напишал писмо кои претставува негов обид да го врати автомобилот доколку дојде до таков немил настан.

Во продолжение можете да го прочитате писмото:
„Здраво,
Ако го читаш ова, веројатно ми го крадеш автомобилот. Јас сум добра личност и со сигурност ќе ти понудев да те повозам, но очигледно тоа нема да се случи.
Би сакал да имам автомобил кој нема постојано да биде краден, но немам пари и ова е сè што можам да си дозволам. Очигледно ова повторно ми се случува.
Нема да имаш проблеми со тоа што ми го украде автомобилот, сè додека не си играш играчки или прегазиш пешак, туку ќе го оставиш каде сакаш и ќе си продолжиш со својата работа. Никој нема да го истражува ова.
Барам мала услуга од тебе: не го оставај некаде каде ќе го собере пајак. Ако морам да платам уште една казна за мојата проклета Хонда, ќе полудам. Затоа што навистина не можам да продолжам да плаќам казни. Ако имав пари, едноставно ќе си купев нов автомобил кој нема постојано да биде краден.
Те молам остави го некаде, во некое соседство… Во пликот има порака со моето име, некој ќе ја види и ќе ми се јави да дојдам да си го земам автомобилот. Нема полиција, нема прашања, нема ниту да бидам лут.
И двајцата добиваме: Јас не морам да пријавувам во полиција, да плаќам осигурување или казна, а ти не мора да се чувствуваш како идиот затоа што си го уништил месецот на некоја добра личност.
Постојат безброј безбедни места каде можеш да го оставиш овој автомобил. Повози се, земи го приборот за прва помош и остави го пред нечиј дом кога ќе ти здосади.
Ти благодарам. Уживај во возењето.
П. С. Ако не ти пречи да направиш уште еден прекршок вечерва, фрли цигла низ некој од прозорците на Пајак службата од Ванкувер. Најлоши се. Ти благодарам. Имај убава вечер“.Непознато е дали автомобилот навистина бил украден или не, бидејќи самата процедура не би имала никаков полициски извештај.
Но, убаво е да

Пронајдете не на следниве мрежи: