Има една стра изрека која во Куманово ја применуваат а гласи: „Од обеќање куќа не се растура“. Претпоставувам дека Заев оваа поговорка ја научил од Спасовски и решил да ја применува во неговите дворски политички манипулации кон сопствениот народ. Но, сакам да напоменам, само кон сопствениот Македонски народ, што се однесува кон сите други на кои им ветуваше се и сешто, подготвен е да реализира се. Впрочем и Фрчковски тоа многу добро ни го кажа каква идеја има СДСМ доколку се добере до власта, а тоа е се онаа што Заев јавно го говореше во врска со редефинирањето на Македонија како унитарна држава и уште згора и пресметка со секого и создавање своја администрација и државна структура според мерилата на СДСМ.Сепак тоа се политички ставови на СДСМ со кои ете јавно излегува пред граѓаните на Република Македонија, па оттука кој сака нека повели, тоа е менито за идната Македонија која според своите политичко идеолошки ставови и веќе познатата матрица ќе ја реализира СДСМ, секако доколку дојде навласт. За среќа Македонскиот народ и граѓаните на Македонија кои ја поддржаа политиката на ВМРО-ДПМНЕ на последните предвремени избори покажаа поголема свесност од Заев и друштвото му растурачи на државата. Токму така, растурачи на државата иако Фрчковски се обидува во јавноста да ги претстави како СДСМ-државотворна комунистичка наследничка што е ноторна лага, но на оваа тема во друга прилика.
Во овој текст, основната тема за која сакам да го изнесам мојот став е токму личната доблест, чувство на одговорност пред другите и самиот себе и исполнување на дадениот збор или ветување, кое уште и јавно е дадено. Контекстот на одговорен политичар и човек кој сака да биде претседател на Владата на Република Македонија започнува со негова лична одговорност за сопствениот даден збор кон граѓаните, во било какви услови тоа претставува морална обврска која всушност длабоко го отсликува неговиот карактер и идеолошко-политичка матрица на однесување.
Токму ветувањето кое Заев го даде, а се однесуваше на тоа дека ќе си поднесе оставка доколку ги изгуби предвремените парламентарни избори на 11-ти Декември 2016 година, ја даваат сликата за неговата личност, човечкиот, етичкиот и моралниот кредибилитет, но и политичко-идеолошката матрица со која сака да владее. Впрочем, како и за се досега кажав-не кажав, реков-пореков, така и за својата понудена оставка Заев се прави дека не бил разбран. Боже прости божем недоветен е човекот па зборува секакви глупости или можеби е склеротичен па заборава што кажал. Тоа однесување веројатно е нормално за кругот на СДСМ, но убеден сум дека за граѓаните на Македонија, особено за оние кои крајно сериозно ја разбираат државноста и раководењето со државата ова е чисто шарлатанство и кловновско однесување, а на крајот крајно понижувачко и деградирачко однесување кон сопствените граѓани. По се изгледа, Заев ги смета македонските граѓани за недоветни и со кратко паметење и се обидува да си поигрува со нив. Затоа еве, јас сакам да го потсетам и него и Шеќеринска и Спасовски и сите други во СДС-то дека нивниот љубен и никогаш непрежален жален Заев јавно вети дека ќе си даде оставка од сите државни и политички функции, но тоа не го прави. Многу е важно самите вие погоре споменати и сите вие од СДС-то да разберете дека исполнувањето на ветувањето кон македонските граѓани или во конкретниот случај оставката на Заев, бидејќи ги изгуби изборите, ќе ве направат сериозни во очите на сите граѓани и доколку се обидете на следните избори да понудите нешто конкретно што ќе го подобри нивниот живот, а не растурање на државата и спроведување на туѓи цели, можеби и ќе ги добиете изборите. Вака како што стојат сега работите, и со поддршка на еден куп странски претставници, соросови невладини, валкани пари и здружување со непријателите на Македонија и уште згора и прагматична примена на поговорката „Од обеќање куќа не се растура“, тешко дека ќе спечалите доверба и изборна победа.
Кога сме кај „факторот или те чадорот“, на Заев мора да му биде јасно дека и тие нема да му простат. Толку здушно и со сите нелегални средства (притоа прекршувајќи го дури и нормалното дипломатско однесување) поедини „странски фактори“ му помагаа да победи, а тој не успеа да им ги реализира целите и задачите кои му ги поставија. Е затоа нема да му простат. Единствено доколку си замине, односно го оствари ветувањето дека ќе се повелече од сите општествени и политички функции, можеби ќе успее да се нагоди да му простат и да им се мавне од пред очи и ним и на македонските граѓани. Или . . .
Е ова или е проблем. Веројатно Заев знае дека кога ќе си даде оставка и барем на крајот неговата неславна политичка кариера и предавничко однесување кон сопствениот народ ќе го одржи прв и последен пат дадениот збор, самиот тој ќе биде неупотреблив за никого, дури и за својот СДС и на локално ниво. Токму оваа сознание за својата ништожност го држи во состојба на манипулативни игри на сите страни и пуста надеж дека иако ги изгуби изборите, повторно со помош на некој „чадор“ ќе се обиде да остане политички жив и употреблив.
Што да се каже за ова, освен дека се работи за човек без етика, морал, лична одговрност, манипулант, себељубец, мотивиран од среброљубие и убав живот на туѓ грб.
Но, тоа не го интересира „чадорот и факторот“. Тогаш кога дефинитивно ќе стане јасно (а тоа и практично ќе биде многу бргу) дека ВМРО-ДПМНЕ ја предводи новата влада и нејзиниот претседател Груевски е повторно Премиер, по природен пат на заклучоци на сите ќе им „светне“, вклучително и на „факторот“ дека Заев заврши со својата недостојна епизодна предавничка улога. Тогаш, претпоставувам дека истиот негов патрон и сите соросоидни невладини ќе му се нафрлат, а кутриот тој нема да има ниту една доблест (остварено ветување на кое ќе се повика). Едноставно видливо е дека човекот сака да си го продолжи политичкиот живот барем за уште еден ден, буквално од денес до утре каква што му е ицелата негова и на неговото СДС политичка концепција и тоа веќе подолг период. Што ќе прави „чадорот“, ќе му прости или како што најави Геровски во својата колумна „ќе ги пушти низ вода“ и Заев и СДС-тго и соросоидите и целата неупотреблива шарена булумента. Добра асоцијација дека ќе пуштат вода за да ги исчисти, а кој каде потоа ќе заврши е веќе друго прашање. Сигурен сум дека Заев во секој случај ќе заврши како безначајна предавничка фигура во секоја од варијантите.
Според мене, прагматично би било Заев да си даде оставка и барем малку да има простор пред македонските граѓани да се повика на некоја минимална доблест дека ете на крајот си го одржа дадениот збор. Се останато што ќе направи е само на штета на државата и одложување на неминовното негово заминување на црните страници на македонската историја. Личното чувство на загрозеност, а поради неоставрените задачи и цели на туѓите интереси или поради сторените криминали за кои со или без Вицето ќе си одговара (па нели законот е еднаков за сите-па и за Зоки од Муртино), е само негов личен проблем. Поради тој проблем неможе две –три години да го држи во заложништво целиот народ и државата. Не постои овој народ и Македонската држава за да му угодуваат на Заев. Тој е само еден граѓанин на Македонија од сите два милиони граѓани и ништо повеќе. Со се она што го стори во изминатиов период ќе остане запаметен како една од најнегативните личности во современата македонска историја и единствено барем малку што може да го „испере“ е покажувањето на доблест со последниот политички чекор – оставка.
Можеби од „обеќање куќа не се растура“, но во случајот на Заев многу други работи може да се изгубат, пред се тој лично, а за што е во потполност свесен. Колку и да изгледа „црпнато“ човекот е манипулатор, лажго и перфиден играч за лични интереси и ништо повеќе од тоа. Со оглед на сите околности останува Заев да одлучи дали последната игра и ветувањето за повлекување од сите општествени и политички функции и активности ќе ги реализира или ќе продолжи со поигрувањата и манипулациите. Знаеме дека неговата кожичка е во прашање, но никој друг не го доведе во оваа состојба, тоа си го направи самиот „со ѓаволот тикви садеше и сега од глава му се кршат“, затоа негова е одлуката.
Е па Заев, ОСТАВКА ИЛИ . . .
Честито ново лето Господово 2017-то
Доцент д-р Оливер АндоновСепак тоа се политички ставови на СДСМ со кои ете јавно излегува пред граѓаните на Република Македонија, па оттука кој сака нека повели, тоа е мени