Оштетено возилото на Аделина Тахири во Грција!

Со црвен спреј покриени ознаките МК, а со истиот испрскани и браниците – ваков третман доби „пасатот” на македонската пејачка Аделина Тахири во Грција. Меѓу останатите оштетени автомобили на плажа во Неа Врасна настрадал и нејзиниот.Познатата пејачка која од дете оди на одмор во туристичкото место Асправалта каде нејзиното семејство има и вила е згрозена од случајот. Иако случајот го пријавила во грчката полиција, Аделина од таму не добила потврда.
Покрај Аделина, во МВР оштетување на автомобилот пријавиле уште двајца македонски државјани. Во Неа Потидеа на гевгеличанец и струмичанец им ги украле табличките. Сите тројца случајот го пријавиле во грчката полиција.
Извор: СителПознатата пејачка која од дете оди на одмор во туристичкото место Асправалта каде нејзиното семејство има и вила е згр

Пронајдете не на следниве мрежи: