Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро реагира по објавувањето на последниот коментар на авторот Мирослав Грчев на интернет порталот Плусинфо. Во коментарот насловен “Со оган на Владата и на Советот на Град Скопје!”, авторот повикува на насилство кон неистомисленици и кон јавни институции со чии одлуки не се согласува, се вели во соопштението на МАН.-Сметаме дека објавувањето на текст кој завршува со коментар, цитираме: “ако ги запалиме бараките на Град Скопје и зградата на Владата – симболично одговорните топоси за ова злосторничко уништување на нашите животи, интегритет и достоинство – и ги „обработиме“ со градежна механизација, со булдожери и багери, Спомениците на Злото од „Скопје 2014“, е тогаш бидете сигурни дека тие скотови ќе ја сфатат пораката!” претставува јасен повик на насилство. За жал, станавме навикнати на вакви и слични повици на насилство и говор на омраза од страна на истакнати претставници на политичката опција на која и припаѓа господинот Грчев. Ваквите повици придонесоа до поголем број напади врз медиуми и новинари, што МАН го смета за апсолутно неприфатливо. Особено загрижува тоа што порталот кој изнесува ваков вид говор на омраза, и институциите како СЈО со кои соработува авторот на текстот, уживаат, или барем тврдат дека уживаат, поддршка од амбасади и меѓународни мисии во Македонија и од фондации финансирани од странските претставници, се вели во соопштението испратено од МАН.
Оттаму додаваат дека токму поради ова сметаат дека е потребно употребата на овој вид на говор на омраза да биде широко осудена, со цел да се спречи оставањето на впечаток дека поттикнувачите на насилство во политиката имаат поддршка и можат да сметаат на неказнетост.
Дополнително од Основното Јавно обвинителство информираат дека ги разгледуваат исте натписи и објави.
-Обвинителството ги следи сите натписи и објави и доколку пронајде елементи на кривично дело, а кое се гони по службена должност, ќе се поведе постапка согласно законот, информираа од ОЈО.-Сметаме дека објавувањето на текст кој завршува со коментар, цитираме: “ако ги запалиме бараките на Град Скопје и зградата на Владата &ndash