Остранете ги засекогаш влакната од лицето- Направете си епилација самите!

Постојат различни методи за отстранување на влакна од лицето и некои од нив се многу ефикасни, но најголем број од нив не се ни малку ефтини. Отстранете ги засекогаш влакната од лицето на природен начин, искористувајќи ги следните народни методи.
Домашно средство за отстранување на влакна со сода бикарбона
Овај третман е неопходно да го правите навечер, пред спиење. Ставете 200 мл вода да зоврие и додајте 1 лажица сода бикарбона, промешајте и оставете да се излади. Натопете од растворот малку памук или газа, малку процедете и ставајте на местата каде што ви растат непожелните влакненца. Залепете со фластер и оставете така да стои преку ноќта. Утрото, по отстранувањето на фластерот обавезно намачкајте хранлива крема на проблематичните делови. После 2-3 третмани, ќе забележите позитивен резултат, влакненцата од лицето ќе почнат да паѓаат.

Аптекарски јод, како народно средство против влакненца на лицето
За припрема на овај народен лек е потребно: 2мл јод, 1,5 мл амонијак, 40 мл 96% алкохол и 10 мл рицинусово масло. Сите состојки се промешуваат добро и се оставаат додека смесата не стане безбојна. Оваа смеса треба да се втрие на соодветните делови од лицето, наутро и навечер. Влакната ќе почнат да паѓаат после неколку дена од користењето. Постојат тврдења дека ова решение е за трајно отстранување на влакната.
Масло од коприва – како средство за отстранување на влакната од лицето
Овој ефикасен рецепт е познат уште од одамна бидејќи го користеле убавиците во 17-тиот век, а гласи вака: 3 лажици семе од коприва се преливаат со 100 мл од било кое растително масло. Оставите да отстои 14 дена на топло место. Потоа процедете го низ газа и ставете го во стаклена тегличка, па затворете со капаче.
Секоја вечер натопете парченце памук или газа со маслото од коприва, ставете на проблематичните места на лицето и оставете половина час (можете да залепите со фластер да не паѓа). Потоа измијте го лицето со топла вода и сапун. Третманот трае различно кај секоја жена, затоа третирајте ги влакната на овај начин додека не опаднат.
Лукот како ефикасно средство за отстранување на влакна од лицето. Бришете ги проблематичните делови од лицето со свежо исцеден сок од лук. Чувајте го сокот на лицето околу 30 минути, за максимални резултати. Потоа измијте го лицето со топла вода и намачкајте го со крем.
Кој и метод да го изберете ќе ви помогне вашата кожа да изгледа подобро. А доколку сметате дека имате чувствителна кожа или некакви алергии, ви препорачуваме да се советувате и со стручно лице за проблемот.Отстранете ги засекогаш влакната од лицето на природен начин, искористувајќи ги следните народни методи.
Домашно средство за отстра

Пронајдете не на следниве мрежи: