Остро писмо до Дедо Мраз: Кога ти барав подароци, не ми даде- сега ништо не ми треба!

Очигледно една жена е многу огорчена затоа што Дедо Мраз не ги исполнил нејзините желби кога била дете.На интернет кружи едно писмо на 47 годишна жена која не добила подарок кога сакала, па одлучи да го напише ова писмо:
„Драг Дедо Мраз, Како си? Како е Баба Мраз?
Сакав прво да те прашам што е со подароците кои ги побарав кога имав 10 години? Требаше да бидам балерина… Но ништо од тоа.
Потоа сакам да те прашам што е со моите подароци кои ги побарав на 15? Сакав било каква спортска вештина, но ништ од тоа.
Непријатно ми е да те потсета, но ни мојот поклон што го побарав кога имав 17 не стигна. Тогаш сакав долги нозе, но тоа не се случи.
Можеби затоа неколку години подоцна ги добив најдолгите стапала на светот? Ги побрка работите.

 
На 23 пишав дека сакам облека- многу облека. Но и тоа го немаше.
Срамота е, но ни на 30 не ми ја исполни желбата. Сакав 100 пара чевли. Ти можеше барем еден да пратиш?
Што е тука е. Сега имам 47 години. Ти пишувам дека ништо не ми треба се имам.
*Имам брчки околу очите и усните. Велат дека е од смеење.
*Имам целулит. Затоа што ми се кратки нозете-немам многу.
*Имам големи стапала. Затоа сум стабилна.
*Имам облека. Затоа најмногу купувам спортска облека.
*Имам семејство и срце во него да ги сместам.
* И конечно имам здравје. Не ми треба ништо веќе.
Сето тоа го направив со она што го имам. А ти низ мојот оџак никогаш не дојде.
Драго ми е што не ми е важно што имам во орманот или на себе.
Најважно е она што го имам во себе, затоа што тоа никој не може да ми го одземе.“На интернет кружи едно писмо на 47 годишна жена која не добила подарок кога сакала, па одлучи да го напише ова писмо:
„Драг Дедо Мраз

Пронајдете не на следниве мрежи: