Општинската организација на Сојузот на борци од Гостивар остро реагира на потписот со кој претседател на Градскиот одбор на НОБ, Трајко Стаматоски ја потврдува соработката со опозицијата.Велат дека тоа е одлука само на неколкумина кои не и мислат добро на државата.
-Борците и продолжувачите никогаш не работеле и нема да работат против интересите на граѓаните на Република Македонија. Не е интерес на никого да се продлабочува наметнатата криза во Македонија и натамошна нејзина ескалација. Интерес на сите граѓани е да излеземе од кризата. Единствен излез се избори на кои народот ќе одлучи зошто само тој знае како да се надмине сегашнава состојба. Нема борец и нема продолжувач кој поддржува сквернавење на спомениците во главниот град на републикава, а наша статутарна одлука е да ги чуваме и одржуваме спомениците, истакнаа денес од Првоборците на Гостивар, вели Ратко Ѓиноски од Сојузот на борци во Гостивар.
Ваква реакција на општинската организација на сојузот на борци од Гостивар, доаѓа по вчерашното потпишување на соработка со опозицијата за,како што велат, платформата за демократска Македонија.
Но, кои се борците кои седнаа на маса со Зоран Заев и какви се нивните вистински намери?
Заедно со лидерот на СДСМ вчера потпишаа Трајко Стаматовски и Наум Буревски. Овие лица се повеќе познати по нивната блискост со СДСМ. Стаматовски беше дел од рекламниот спот на Андреј Петров кој во 2013-та година беше кандидат за градоначалник на Карпош од СДСМ. Тој редовно одржува средби со претставници на опозицијата.
Бурески беше претседател на иницијативен одбор за враќање на Бранко Црвенковски за претседател на СДСМ. Но, оствари одлична соработка и со актуелниот опозициски лидер Заев.Велат дека тоа е одлука само на неколкумина кои не и мислат добро на државата.
-Борците и продолжувачите никогаш не работеле и нема да рабо