Осуден е Берлускони на 7 години затвор

Поранешниот италијански премиер Сливио Берлускони е осуден на 7 години затворска казна поради користење услуги на малолетни проститутки.
Пресудата во случајот „Руби“ која беше донесена денес, за Берлускони значи дека тој до крајот на животот нема да може да извршува било каква државна функција.
Тој е обвинет за вмешаност во малолетничка проституција во рамките на бунга бунга забавите во неговата вила.
Со тие забави тој ја злоупотребувал својата дрѓавна функција во тој период.
Екс премиерот е обвинет дека бил во врска со младата Мароканка уште додека таа била малолетна, и за тоа и давал пари и подароци. Агенцијата АП потсетува дека и Руби и Берлускони негираа дека имале сексуални односи.
Судскиот процес почна во 2011. До правосилноста на пресудата има уште две жалбени нивоа. Берлускони нема функција во италијанската влада во моментов но има големо влијание поради коалицијата која е формирана по февруарските избори на кои немаше убедливи победници.Поранешниот италијански премиер Сливио Берлускони е осуден на 7 години затворска казна поради користење услуги на мало

Пронајдете не на следниве мрежи: