Свекрвата на убиената пејачка Јелена Марјановиќ – Зорица Марјановиќ, осудена е денес на условна казна затвор од три години поради занимавање со надрилекарство врз основа на договор кој претходно го склопила со Првото основно обвинителство во Белград.Портпаролот на обвинителството, Лепосава Вујановиќ, изјавила за „Танјуг“ дека Зорица при сослушување ја признала вината и постигнала договор за признание на сторено кривично дело за условно осудување од три години затвор со рок на проверка од година дена.
Инаку, за кривично дело лекување без соодветна стручна спрема – надрилекарство, се заканува парична казна или казна затвор до три години.
Оваа дејност на Зорица Марјановиќ излезе на виделина по убиството на нејзината снаа на 2. април годинава во Борча.
Нејзиниото убиство сѐ уште не е решено.Портпаролот на обвинителството, Лепосава Вујановиќ, изјавила за „Танјуг“ дека Зорица при сослушување ја признала вината и постигнала до