Целата вистина околу слуајот кој медиумите блиски до СДСМ и самата СДСМ целосно го политизираше е сосема различна од она што беше пренесувано во текот на целиот ден а се врзува со заменк министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.Осудени криминалци со албанско етничко потекло кои имаат дебели полициски досиеа го нападнале и следеле возилото во кое се превезувал Спасов. Возилото во кој бил Спасов било следено од возило Пасат управувано од Даут Динарица кој во полициското досие има дури 39 тешки кражби, тешки кривични престапи и прекршувања на законот. Даут е и осуден насилник тоа токму поради тепачка користејќи и оружје. Тие го пресретнале возилото во кој се превезувал Спасов и сакале насилно да го застанат
Веднаш до него во возилото пасат бил Омер Аџами зад кој исто така има криминални дела на тешкикражби и помагање во други кривични дела. Во таквата насилна брктоница која ја организирала криминалната група помагал и Етем Абаз кој исто така има дебело полициско досие загрозување на јавен ред и мир, осуден за физички напади, тепачка. Целокупната оваа група е до скопска серава. Абаз иако учествувал во насилна бркотница со возила, МВР во претходна постапка му ја одземала дозволата за управување со возило.
Оваа позната скопска криминална група важи за блиска до СДСМ. Она што фрла сериозен сомнеж за политичка злоупотреба и се работи за смислено сценарио е што има цела низа на пропусти во постапката од страна на МВР. Веднаш по запирањето на возилото во кое се превезувал Спасов за нецели 2 минути дошла поголема група на алфи истата онаа група која Спасовски ја ангажираше пред извесен период. Дополнително во текот на бркотницата на два пати откако возилата подзастанеле на скопската раскрсница, познатите криминалци со тупаници удирале по возилото во кое се превезувал Спасов закајнувајќи се дека ќе го убијат.
Веднаш по бркотницата, од страна на службите на МВР нема ниту збор за оваа криминална група, целиот фокус во медумите под контрола на СДСМ е насочен кон наводно предизвикување на тешка материјална штета под дејство на алкохол, што воопшто не било точно, ниту пак утврдено. Предизвиканата е незначителна материјална штета. МВР во својот билтен скандалозно го пропушта насилничкото однесување на криминалната група која е од Скопска Серава, пишувајќи билтен кој како да е произлезен од сдсмовскиот центар за комуникации.
Ваквите информации оркестрирано се пуштија по медиумите блиски до СДСМ половина час по ваквиот настан. Шилегов уште денес изутрина даде политичка изјава со што јасно се виде намерата на правење на грозоморна и брутална политичка кампања на валкање на личности, каква се очекува да имаме до крајот на кампањата.
Ова е случај каде на дело може да се види целокупната злоупотреба и искривување на фактите кои се далеку од објективната вистина и како од еден случај во кој е предизвикана незначителна материјална штета се прави театар од кој се гледа да се нарави политички бенефит. Додека другите зборат за програма, фокусот на СДСМ е на политички местенки.Осудени криминалци со албанско етничко потекло кои имаат дебели полициски досиеа го нападнале и следеле возилото во кое се превезувал Спасов.