Им вбризгал отров во јогуртот поради тоа што конкурентската градинка имала повеќе дечиња од неговата.Директорот на една градинка во округот Пингшан во Пекинг, Кина, со цел да ја намали конкурентноста од друга градинка се решил на оваа ужасна постапка.
Тој во шише јогурт вбризгал отров и на еден негов соучесник во злоделото му наредил да го стави шишето во кеса со тетратка и молив и да го остави близу конкурентската градинка.
Две девојчиња починале откако се затруле со јогуртот. Судот во Кина веднаш ги прогласи за виновни директорот и неговиот соучесник и ги осуди на смрт. Се уште е непознато дали двајцата обвинети ќе ја обжалат пресудата, бидејќи општо е познато дека судовите во Кина избрзуваат со смртните казни.
Во последниве години во Кина злоставувањето на деца во градинките бележи пораст. Неодамна беше разоткриено дека една градинка на децата им дава недозволени лекови со цел да ја зголеми посетеноста.Директорот на една градинка во округот Пингшан во Пекинг, Кина, со цел да ја намали конкурентноста од друга градинка се решил на оваа ужасна постап