Осум едноставни џентлменски гестови кои ќе ве импресионираат – I дел

Дали замислено се смешкате на совршени машки профили на интернет страна за состаноци?
Блескавите профили очигледно обилуваат, но сепак жените се жалат дека примерните мажи се  „раса пред исчезнување“. Можеби тоа е поврзано со тоа што жените не знаат како изгледа и како се однесува еден вистински џентлмен.Дали се замислено се смешкате на совршени машки профили на интернет страна за состаноци?
Блескавите профили очигледно обилуваат, но сепак жените се жалат дека примерните мажи се  „раса пред исчезнување“Можеби тоа е поврзано со тоа што жените не знаат како изгледа и како се однесува еден вистински џентлмен.
Не е само облеката која го прави мажот џентлмен, но секако има голем удел во тоа. Вообичаениот коментар е: „ Џентлменот секогаш  изгледа уредно, добро е негуван, и е правилно облечен за секоја пригода“.  Џентлмените се ценат себеси и ја одбираат облеката според настанот.  Секогаш се трудат да изгледаат уредно,  мирисаат убаво и носат чиста пеглана облека. Делот за правилно облекување за сите пригоди бара повеќе работа.
Еве осум едноставни гестови на еден џентлмен и како жените реагираат
1.Отвара врата за другите. Внимателен е.
Понеделник наутро, Пеги се чувствува повеќе малтретирана од вообичаено додека брза на работа.  Влегува во најблискиот локал за да го избегне неочекуваниот дожд.  Доцни и намокрена од дождот, не забележува дека човекот зад неа кој тропа на вратата всушност сака да ја отвори вратата за неа. Таа му заблагодарува со нејзината топла насмевка и чувството на упропастено утро наеднаш го снемува.
Зошто сите забораваме на овој едноставен гест? Поради  недостаток на свесност. Доколку сте зафатени со пишување порака, не сте свесни дека можете да му ја „треснете “ вратата на тој зад вас. Или сметате дека е оправдано бидејќи брзате.

2. Носи тешки пакети на другите луѓе. Тој е корисен
Лорен не е типична жена, бидејќи не сака пазарење. Нејзиниот дечко не беше типичен бидејќи уживаше да гледа по излозите на продавниците. За среќа и на двајцата им се допадна исти работи. Лорен почна да ужива во пазарењето, но најмногу што тој не правеше врева околу носењето на кесите.Тој се увери во својата машкост и му беше удобно да ги понесе и најженствените работи и да ја поставува масата со деликатен сет за чај. Таа ја искажуваше својата благодарност постојано која се повеќе го мотивираше.
3.И нуди на жената место да седне. Грижлив е
Додека одев на факултет, се возев во автобус редовно. За време на најголемата гужва, автобусите беа преполни  со патници. Многу често, студент од факултетот ми нудеше да седнам на неговото место. Јас го прифаќав предлогот со насмевка и за возрат му нудев да ги држам неговите книги. Во други ситуации, кога седев и постара жена ќе застанеше во моја близина, ќе почекав неколку минути за некој од мажите да и понуди да седне. Доколку немаше кој да стане, и го нудев своето место. Ги прашував  мажите зошто се двоумат да  да станат. Чест одговор беше: „многу е разочарувачки кога  жената воопшто не се труди да се заблагодари“.

4 И помага на жената со нејзиното палто. Тоа е прекрасно.
На различни места каде јакни, палта секојдневно се носат овој гест е од голема помош. Посебно е погодно на одредени настани каде се бара палтата да бидат оставени и подигнати од оддел за чување на палта. Има нешто многу елегнтно и внимателно во начинот на кој џентлменот го држи палтото за жената да може да го облече. Доколку жената реагира со нешто како: „Јас сум способна  самата да си го облечам палтото“, тогаш таа не е подготвена за еден џентлмен.
Подгледнете го и вториот дел од текстот: Осум џентменски гестови кои ќе ве импресионираат – I делДали се замислено се смешкате на совршени машки профили на интернет страна за состаноци?
Блескавите профили очигледно обилуваат, но сепак ж

Пронајдете не на следниве мрежи: