Осум интернет страници од кои можете да симнувате бесплатни е-книги!

Со оглед на тоа што ни дојде летото, добро би било да се пополни слободното време. Затоа ви приложуваме осум страници од кои можeте да симнувате бесплатни е-книги.Еве ја листата:
1. Google eBookstore
Овде ќе најдете куп книги од различни жанрови. Интересно е тоa што книгите се достапни во неколку формати и истo така можете да ги проверите оценките и мислењата од другите корисници.
2. Project Gutenberg
Со колекција со повеќе од 45.000 книги, Проект Гутенберг е една од најпопуларните интернет страници од кои можете да симнувате книги.
3. Open Library
Open Library има повеќе од 1 милион книги во својата архива. Лесно можете да ја пребарувате страната, било да се работи за некој автор, делото или жанрот.
4. Internet Archive
Доколку барате книги во различни формати и јазици, тогаш ова е вистинската страница за вас.

5. Book Boon
Оваа страница нуди повеќе од 1.000 книги, лесна е за навигација и што е најважно – не мора да се регистрирате за да симнувате книги.
6. ManyBooks.net
Со повеќе од 29.000 наслови, имате навистина голем број книги на дофат. Ови книги се компатибилни за Киндл, Нукс, Ајпад и повеќето е-читачи.
7. Free eBooks
Од романса, до мистерија и драма, оваа страница е извор за различни видови книги. Кога сакате да ја одберете саканата книга, можете да ги проверите и критиките и размислувањата на другите корисници.
8. LibriVox
Сакате да слушате, наместо да читате? ЛибриВокс е домот на илјадници аудиокниги, вклучувајќи ги светските класици. Еве ја листата:
1. Google eB

Пронајдете не на следниве мрежи: