Американскиот центар за контрола и превенција на болести ги предупреди сојузните и локалните здравствени работници на можноста од инфекција со смртоносен вирус од кој досега се разболеле 14 лица, а починале осуммина.Повеќето случаи на зараза настанале на Блискиот исток, но новите анализи на три потврдени случаи во Британија покажуваат дека вирусот може да се пренесе од човек на човек, соопшти Американскиот центар во својот неделен извештај.Вирусот му припаѓа на семејството коронавируси, кои предизвикуваат обична настинка, но и САРС. Досега ниеден случај не е забележан во САД.Според Центарот, секој што ќе развие респираторна инфекција (инфекција на дишните патишта) за десет дена по враќањето од Арапскиот полуостров или соседните земји, треба да се третира по постоечкиот протокол.Симптомите на зараза со новиот вирус се зголемена температура, кашлица и потешкотии со дишењето. Засега ниту Американскиот центар, ниту Светската здравствена организација не објавија предупредувања за патување во земјите кои се споменуваат заедно со овој вирус.
МакфаксАмериканскиот центар за контрола и превенција на болести ги предупреди сојузните и локалните здравствени работни