На овогодишното 23. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Фебио Фест“, кој се оддржува од 17-25 март во Прага, еден дел е посветен на македонскиот филм.На Фестивалот, ќе бидат претставени филмовите на Столе Попов, „Тетовирање”, „Џипси Меџик” и „До балчак”, на Иво Трајков „Медена ноќ”, „Големата вода” и „90 минути – Берлински проект”, филмот „Лазар” на Светозар Ристовски и „Три дена во септември” на Даријан Пејовски.
– Иако Македонија е мала, се уште непозната земја, од аспектот на филмот не е така. Треба да се спомене дека во мојата земја, филмот има долгогодишнатрадиција која датира од ерата на творењето на браќата Манаки, кои во градот Битола во 1905 година, го снимале својот прв филм во тогашната Отоманска империја, се обрати вечерва македонскиот амбасадор Паскал Стојчески пред гостите од чешката политичка и културна јавност, како и Македонци кои живеат во земјата.
Стојчески, изрази благодарност до претседателот и директорот на Фестивалот Феро Фенич и Камил Спачил за нивната соработка и помош при презентација на македонските филмови.
– Задоволен сум што чешката публика има можност да се запознае со квалитетот на македонскиот филм, изјави програмскиот директор Спачек. Истовремено, тој на македонските претставници им се заблагодари за можноста за промоција на македонскиот филм.
На претставувањето на „Фокусот на Македонија” покрај режисерите Столе Попов и Иво Трајков присуствуваше и директорката на Кинотеката на Република Македонија Мими Ѓоргоска Илиевска. „Фебио Фест” е основан во 1993 година и заедно со Фестивалот во Карлови Вари е еден од најголемите филмски фестивали во Чешка.
Фестивалот е ориентиран кон прикажување на играни филмови од претходната година, како и премиери на нови филмови, вклучително и ретроспективи и омажи.
По неговото завршување, „Фебио Фест” со избрана програма од филмови, ќе гостува во осум поголеми градови во земјата.
Во текот на последните неколку години на „Фебио Фест” се претставија познатите актерски и режисерски ѕвезди, Нани Морети, Џералдин Чаплин, Питер Вир, Ричард Лестер, Роман Полански, Бруно Димон, Иштван Сабо, Цаи Минг Лианг, Никита Михалков, Карлос Саура, Бруно Ганц и Клаудија Кардинале.На Фестивалот, ќе бидат претставени филмовите на Столе Попов, „Тетовирање”, „Џипси Меџик” и „До балчак”, н