Осум начини да се расоните без да пиете кафе!

Станувањето наутро може да биде тешко мачење. Секогаш бараме начини да се извлечеме од тој напор. Најчестиот трик е кафето по пат, но од времето кога алармот ќе заѕвони до времето за пиење кафе има доста време и ризик за заспивање. Затоа, кога кафето не е опција, еве неколку совети за утринско расонување.1-Изедете јаболко: Знаеме дека ова го имаше спротивниот ефект врз Снежана, но сепак ви ветуваме дека функционира. Јаболкото има многу голема количина на природен шеќер (гликоза) и процесот на варење на јаболкото му помага на телото да се разбуди. Едно јаболко од средна големина има иста количина на шеќер како и половина лименка кока-кола, и затоа шеќерот ќе ве расони. Но, за разлика од расонувањето што доаѓа од чоколадото и другите производи со преработени шеќери, по ефектите од јадењето на јаболкото нема да ги добиете ефектите на двојно поголем замор.
2-Спијте со кренати ролетни: Светлината што доаѓа во контакт со рожницата го поттикнува производството на мелатонин, хормон што помага при спиењето, и заради тоа, изложеноста на сонце изутрина ќе ви го олесни расонувањето. Најдобро е да бидете изложени на сончевата светлина во веднаш по будењето, па затоа, не се кријте под јорганот кога алармот ќе заѕвони.
3-Пијте чаша ладна вода: Самото спиење од 8 часа значи дека не пиете вода во текот на ноќта, и сите од нас се будат по малку дехидрирани, а тоа води до чувството на замор. Пиењето чаша ладна вода е одличен начин да се расоните, и да да останете хидратирани и полни со енергија во текот на денот.
4-Плискајте го лицето со вода: Изложувањето на чувствителните делови од телото со ладна вода ќе го изненади телото и ќе го расони. Уште поефективно е и туширањето со ладна вода, но нема да ве осудиме ако не сте премногу ентузијастични да го пробате тој совет.

5-Излезете и трчајте: Иако последното нешто што ви паѓа на памет изутрина е да облечете патики и да вежбате, доброто утринско трчање ќе направи чудо со вашата енергија. Вежбањето помага да се ослободат невротрансмитерите за добро чувство наречени ендорфини, што не само што ќе направат да се чувствувате будно, туку и посреќно. Освен тоа, утринското трчање ќе ви ја даде и потребната доза на сончева светлина (види бр.2).
6-Пијте сок од портокал: И тоа во стаклена чаша. Не само што ќе ги добиете природните шеќери за кои зборувавме под бр.1, туку и истражувањата покажале дека портокаловата боја стимулира и го подига расположението. Тоа значи дека и гледањето во чашата ќе ви помогне да се расоните.
7-Дајте си масажа: Постои причина за триењето на слепоочниците кога сме уморни. Едно истражување покажало дека масирањето на некои места го олеснува напорот. Масирањето на врвот на главата, точката меѓу палецот и показалецот, под средината на коленото, во подножјето на вратот, или под стопалото на ногата, ќе ви помогне да ги поттикнете утринските нивоа на енергија.
8-Употребете го пеперминтот: Вкусот на пеперминт ве прави будни, сконцентрирани и ве стимулира. Можете да ги употребите пеперминтот миејќи ги забите со паста од пеперминт или да се истуширате со сапун со вкус на пеперминт.1-Изедете јаболко: Знаеме дека ова го имаше спротивниот ефект врз Снежана, но сепак ви ветуваме дека функционира. Јаболкото има мн

Пронајдете не на следниве мрежи: