Со само неколку промени кои треба да ги внесете во својата дневна рутина, ќе се забрза вашиот метаболизам, бргу ќе ги стопи мастите, па со самото тоа и губењето на килограми е загарантирано. Зелен чај: Покрај тоа што овој напиток е познат и по својата ефикасност во борбата со ракот, зелениот чај помага и во забрзувањето на метаболизмот. Две шолји зелен чај дневно може да ви помогне во согорување на мастите.
Железо: Потрудете се да барем најмалку со еден оброк дневно внесете железо во својот организам и на тој начин на своите келии им обезбедувате потребна доза на кислород. Некои од намирниците кои во себе содржат високо ниво на железо се црвеното месо, пилешко месо, разни видови нажитарици, спанаќ. Првите симптоми кои можат да индицираат загуба на железо во организмот се уморот и слабоста.
Хидратација на организмот: Редовната хидратација на организмот е основа на сите диети. Секеко, ова не значи да пиете вода само ако сте на диета, туку тоа да го правите за ваш здрав живот. Лекарите советуваат дека минималното дневно внесување на вода треба да биде литар и половина.
Тренинг: Овој начин е најдобриот во борбата за елиминирање на вишокот масти од телото. Што повеќе мускули се активирани во текот на тренингот, толку повеќе ќе согорувате масти. Секако, не треба да претерувате на со тежината на теговите, ни со бројката на повторување, зашто можете да го оштетите мускулот. Умереноста е клучот на се`.
Доручек: Повеќето од вас не се придржуваат на овие здрави навики, со што тоа негативно влијае на работата на метаболизмот. Неодамнешните студии покажаа дека ако сакате доручекот да влијае на забрзувањето на вашиот метаболизам, треба да обрнете внимание на тоа што јадете. Доручкувајте здраво.
Протеини: Храната богата со протеини, како риба, пилешко бело месо, ќе би помогне во борбата со согорувањето на вишокот на масти. Високо-протеинската храна, исто така, во себе содржи високо ниво на амино киселини, кои помагаат во развивањето на вашиот тонус на мускулите, го забрзуваат метаболизмот, ги топат мастите и даваат долготрајно чувство на ситост.
Јадете што побеќе банани: Оваа намирница повеќето од луѓето кои се на диети ја избегнуваат, што е сосема погрешно. Една големина на банана има речиси 500 милиграми калиум, а тој позитивно влијае на размена на течности на клеточно ниво, па со самото тоа може да го забрза основниот метаболизам.
Ослободете се од стресот: Хормонот кортизол, кој се лачи кога сте под стрес, допринесува за зголемување на телесната тежина, особено на стомакот. Со годините, за жал, ја губи способноста човекот да се избори со високиот кортизол. Значи, одговорот на големината на килограми во средните години гласи вака: Научете да се опуштите и релакцирајте. Еден од тие начини е да уживате во мирисна бања.
Зелен чај: Покрај тоа што овој напиток е познат и по својата ефикасност во борбата со ракот, зелениот чај помага и во забрзувањето



