Осум разлики помеѓу водење љубов и секс

Понекогаш на сите ни е потребно да се почувствуваме сакани, а тоа се пренесува и на случувањата помеѓу чаршавите, па наместо див секс, копнееме по нежни и внимателни допири. Од друга страна, нежностите умеат и да здосадат, па потребно ни е нешто што ќе ни ја разгори страста во креветот. Бидејќи постојано се зборува за разликата меѓу сексот и водењето љубов, ви ги претставуваме следните совети како да уживате со вашиот партнер на било кој начин што ќе го одберете.
Бакнување
Водење љубов
Трикот е во тоа се да се одвива полека, па и бакнувањето. Почнете со нежни, површни бакнежи пред да дојдете до француски бакнеж.
Секс
Бидете малку погруби. Држете го цврсто тилот од главата на вашиот партнер и бакнувајте го страстно додека телото го припивате кон него.
Соблекување
Еден на друг полека соблекувајте ја облеката. Бакнете го нежно секој дел од кожата која ќе се разголи.
Секс
Повлечете го за коса, доближете го до вас и отргнете му ја облеката дел по дел.
Реквизити
Водење љубов
За романтичниот секс биде интимен, сконцентрирајте се на секое чувство. Заврзете му ги очите, наизменично приуштете си масажа еден на друг и влажни допири.
Секс
Во овој случај нема ограничувања. Дозволете си да се опуштите и да ги разгорите страстите со што сакате, од лисици, камера па се до кожни инструменти.
Шепотење
Водење љубов
Нема да погрешите ако нежно изговорите „Ти си ми еединствен на светот“ или „Само тебе те посакувам“…
Секс
Пробајте со валкани зборови, но во овој случај бидете сигурни дека вашиот партнер ужива во тоа исто така.
Детали
Водење љубов
Вклучете ги сите нежни и внимателни потези во сексот и поместете ја границата на интимност.
Секс
Поентата е да заборавите на сите одрекувања и да се препуштите на потполно уживање во страстен секс.
Поза
Водење љубов
Нека бидат оние кои ви ја зголемуваат интимноста, каде што е овозможен контакт со очите и допирање.
Секс
Се што е безобразно доаѓа во предвид, ако и двајцата се сложувате.
Оргазам
Водење љубов
Споро и длабоко дишење во комбинација со константни погледи со кои ќе го достигнете врвот.
Секс
Работите ќе се одвиваат прекрасно ако си дозволите да се „извалкате“ за време на сексот. Препуштете им се на вашите безобразни фантазии.
После сексот
Водење љубов
Лежете еден врз друг и слушајте ги отчукувањато на срцата.
Секс
Зграпчете го за лицето и кажете му дека е толку добар што би платиле за повторно да го направите тоа со него.Понекогаш на сите ни е потребно да се почувствуваме сакани, а тоа се пренесува и на случувањата помеѓу чаршавите, па н

Пронајдете не на следниве мрежи: