Тешко се будите? Имате проблем со станување рано наутро? Колку повеќе се ладни утрата толку ни е потешко да се пробудиме и да се извлечеме од топлиот кревет. Научниците од Универзитетот од Јужна Австралија, докторот Сиобан Бенкс и докторката Кристал Грант се занимаваат со проучувањето на сонот и неговата корист за општото здравје на човекот.Тие откриваат совети како полесно да се разбудите и да го напуштите вашиот кревет. Основниот предуслов за тоа е добриот сон.
1. Дневно светло
Утринската светлина му помага на човекот да го прилагоди својот дневен биолшки ритам. За да одржувате правилен и редовен ритам во однос на будењето и сонот, веднаш штом се разбудите, пуштете дневна светлина во просторијата каде спиевте.
2. Спијте во потполна темница
Во спротивно на претходно напишаното, не оставајте запалено светло доколку сакате да заспиете. Силното светло го отежнува сонот, бидејќи го неутрализира мелатонинот-хормот кој е многу важен за добар сон.
3. Не јадете пред спиење
Обилниот оброк пред спиење воопшто не е добар за сон, бидејќи кога човекот ќе легне со полн стомак доаѓа до притисок на мускулите на хранопроводникот кој е исто така важен за добар сон.
4. Не конзумирајте пијалаци
Поради алкохолот можете да се почувствувате поспано, но неговата конзумација пред спиење може да биде причината за лош сон. Доколку во вашиот организам има алкохол, често ќе се будите, потите, ќе имате лоши сништа и главоболки.
5. Стрес
Доколку сте имале стресен ден, ослободете се од стресот пред да отидете на спиење. Во тоа најмногу ќе ви помогне топла купка, добра книга и една шоља топол чај или млеко.
6. Одбегнувајте возбуда
Вежбање, играње компјутерски игри и гледање телевизија пред да си легнете, го зголемува степенот на психолошка возбуда и со тоа се будите во текот на ноќта.
7. Одредете ја вашата рутина
Дневниот биолошки ритам најдобро фукционира кога има своја секојдневна рутина, па поради тоа обидете се да установите што поточен ритам, односно времето кога си легнувате на спиење и кога се будите.
8. Прилагодете го вашето опкружување
За добар сон најдобро место е тивка, мрачна просторија, која претходно е проветрена и малку разладена.Тие откриваат совети како полесно да се разбудите и да го напуштите вашиот кревет. Основниот предуслов за тоа е добриот сон.
1. Дневн