Осум ТАЈНИ за убавина на жените од кралските семејства!

Како се разубавуваат Марија Антоанета, кралицата Викторија, принцезата Дијана и други дами од аристократијата?Скоро секоја жена, уште од мали нозе ѝ се восхитува на убавината на кралското семејство и фантазира како станува сопруга на мистериозен принц, кој ѝ се колне се на вечна љубов.
Постојат приказни за начините на кои познатите дамите од аристократијата ја одржувале убавината.
Денес, ќе ви ја откриеме вистината за процедурите за разубавување кои им биле омилени на Марија Антоанета, кралицата Викторија, кралицата Елизабета II, принцезата Дијана, Кејт Мидлтон и уште неколку благородни жени.
Ова се нивните тајни:
Марија Антоанета, кралицата на Франција, сопруга на кралот Луј XVI, имала специјален рецепт за маска за лице. Таа била толку ефикасна, што некои Французинки ја применуваат и до ден денес.
Состојки за нејзина подготовка биле: 2 лажици коњак, 1/3 чаши млеко во прав, една белка и сок од еден лимон. Коњакот ја стимулира циркулацијата и ги стега порите, додека јајцата го зајакнуваат кожното ткиво. Млекото го раствора себумот, кој ги држи мртвите кожни клетки на површината на лицето, а лимонската киселина ги отстранува од неа.
Во ерата кога живеела кралицата на Англија и Ирска, Елизабета I, козметиката не се користела особено многу, бидејќи луѓето верувале дека носи лоша енергија.
Исклучително популарно било белото лице, затоа и кралицата нанесувала бела шминка за да го задржи имиџот на „чиста кралица“ (Virgin Queen). Така се шминкале и останатите жени во кралството.

Кралицата Викторија, владетел на Велика Британија и Ирска, имала интересен пристап за да се справи со непријатната миризба.
Таа непрестано носела парфимирани ракавици со масло од рози.
Кралицата на Велика Британија, Елизабета II, има една единствена тајна за убавина и таа е – карминот. Уште од својата рана младост, таа сакала да нанесува пурпурна боја на усните. Таа претпочита да нанесува кармин и со темноцрвена нијанса.
Голем број на познати модни брендови, во текот на годините произведувале специјални бои на кармини, посветени токму на Нејзиното Кралско Височество.

Грејс Кели, принцезата на Монако, била цврст поддржувач на крема за раце која ја хидратира и добро ја навлажнува кожата.
Таа имала обичај кремата да ја нанесува на целото тело, вклучувајќи го и лицето.
Принцезата од Велс – Дијана, пак, никогаш не излегувала од дома без маскара на трепките. Нејзината лична шминкерка Мери Гријнуел, дури и ја научила како правилно да ја става маскарата.
Иако златното правило е дека на сини очи никогаш не треба да се ставаат син молив или сини сенки, Дијана била обожавател на сината очна линија и често така била нашминкана кога се појавувала на јавни настани.

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, убедливо се зацврсти на позицијата на модна икона за жените во Велика Британија, но и во целиот свет.
Кејт, која неодамна стана мајка по втор пат, има неколку тајни за убавина, но најефикасната меѓу нив е маслото од шипинка. Војвотката е категорична дека овој растителен екстракт најдобро помага во борбата против брчките.
Грчката кнегиња Марија-Олимпија, ќерка на принцезата Мари-Шантал, има само 18 години. Таа е млада, свежа и признава дека сѐ уште е рано за неа да применува поагресивна козметика.
Сепак, таа многу ги сака парфемите и за да го задржи нивниот мирис подолго врз себе, пред тоа ја намачкува кожата со малку крем за тело каде што планира да се прсне.
Скоро секоја жена, уште од мали нозе ѝ се восхитува на убавината на кралското семејство и фантазира како станува сопруга на мистериозен принц, кој

Пронајдете не на следниве мрежи: