Ако вашиот партнер вели дека сака деца и сака да стане татко тоа е секако добар знак.Меѓутоа, постојат и посуптилни знаци по кои ќе препознаете навистина каков родител ќе биде.
Интуитивен е
Ве забележува ли вашиот партнер кога сте уморни и ви нуди помош? Тоа значи дека е подготвен да ја подели со вас грижата околу детето односно околу обврските кои секојдневно мораат рутинскио да се извршуваат.
Грижлив е
Ве држи ли за рака и ве гали по косата? Со тоа ја покажува грижата и приврзаноста. Способен е да се спои со вас на емотивно ниво што е одлично во родителскиот однос.
Знае да се носи со стресот
Родителството е полно со убави моменти, но истовремено и стресно. Затоа многу добро ќе ви дојде доколку до вас имате партнер со кој ќе можете да поделите.
Ја дели храната со вас
Колку и да ви звучи бесмислено тоа е монгу важно. Доколку зграби нешто од вашата чинија, тоа е показател дека се грижи само за себе и нема чуство за другите.
Оди во маркет, готви и чисти
Значи дека одлично ќе соработувате како родители и ќе ги делите обврските, а кога се работи за детето, помошта ќе ви биде добредојдена.
Се жртвува за вас
Ќе пропушти излегување со пријателите за да биде со вас бидејќи сте болни? Со тоа покажува дека е чуствителен, флексибилен и несебичен.
Одговорен е
Сте се договориле нешто и тој го извршува тоа без да морате да го потесетите милион пати. Тоа е важно бидејќи не можете да издигате дете со некој кој е неодговорен и не води грижа.
Совршено се согласувате
Доколку вашата врска е цврста, емотивна, се почитувате еден со друг и се забавувате додека сте заедно, тоа се добри знаци дека ќе бидете одличен тим како родители.
Меѓутоа, постојат и посуптилни знаци по кои ќе препознаете навистина каков родител ќе биде.
Интуитивен е
Ве забеле



