Осумдесет милиони евра ќе бидат вложени во патната инфраструктура во Радовиш и околните места. Најголемата инвестиција во износ од 64 милиони евра е за изградба на експресниот пат Радовиш-Штип, во должина од 40 километри, а за кој во тек е тендерска постапка за избор на изведувач.– Првата фаза е завршена. Пријавени се 18 компании, дел од нив што ќе се квалификуваат за втората фаза ќе дадат и конкретни понуди така што очекуваме изградбата на експресниот пат да почне во јуни-јули годинава, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на радовишкиот регион.
Изградбата на експресниот пат, посочи, ќе речи долгогодишен проблем на граѓаните од оваа и од околните општини затоа што патуваат кон Скопје и кон Штип по стар пат со многу кривини.
Покрај експресниот пат, Груевски посочи дека во изминатиот период е почната инвестиција или во тек се вложувања за уште четири патни правци во овој регион, меѓу кои и завршениот пат Струмица-Радовиш. Има и други одредени зафати на регионални патни правци и на повеќе локални патишта.
Покрај помошта од Владата за изградбата на експресни регионални и локални патишта, според Груевски, голем напор вложува и градоначалникот на општина Радовиш со преземени активности во повеќе населени места.– Првата фаза е завршена. Пријавени се 18 компании, дел од нив што ќе се квалификуваат за втората фаза ќе дадат и конкретни понуди така што о