Осумгодишно девојче од Јемен починало од внатрешно крварење по првата брачна ноќ со пет пати постар младоженец.Ужасниот настан ја вознемири јавноста и ја врати на дневен ред ужасната традиција на земјите од Средниот исток, која девојчињата ги принудува на брак.
Хуманитарните организации се повикаа на апсење на сопругот на несреќното девојче, но и на сите негови соучесници.
Според податоците на Обединетите нации, меѓу 2011 и 2020 година над 140 милиони девојчиња ќе станале нечии невести.
Од таа бројка, 50 милиони се помлади од 15 години, додека пред таа возраст во Јемен се мажат и повеќе од четвртина од девојчињата.
Оваа пракса не само што ги ограничува во натамошното школување, туку ги изложува на физичко, емотивно и сексуално насилство во текот на браковите на кои се принудени.
Најголем проблем во решавањето на ова прашање е тоа што на светско нивно не постои усогласена старосна возраст во однос на која некој се дефинира како дете или возрасно лице.Ужасниот настан ја вознемири јавноста и ја врати на дневен ред ужасната традиција на земјите од Средниот исток, која девојчињата ги принудува на бр