Осумгодишник се оженил со 61 годишна жена оти така му „наредиле“ предците

Осумгодишно дете од Јужна Африка се оженило со 61 годишна жена бидејќи така му одредил духот на неговиот предок. За да биде работата уште побизарна, невестата има пет деца, а веќе била мажена, пишува „Дејли мејл“.Целата приказна започнала кога Санеле на родителите им раскажал како го слушнал гласот на одамна умрените предци, кои му наредиле да се ожени. Родителите во страв од одмазда веднаш договориле венчавка плаќајќи 500 фунти за невестата и уште 1.000 за самата свадба. Свечениот чин се подготвувал два месеца, а на денот на застанувањето пред олтар осумгодишниот Санеле бил облечен во сребрено одело. Откако размениле прстени со својата сопруга, детето ја бакнало 61 годишната Хелен.Овој настан ја шокирал локалната заедница, но семејството ја правда венчавката тврдејќи дека станува збор само за ритуал, а не вистинска церемонија.„Санеле е среќен што го направи тоа. Тоа е нешто што го посакуваат предците и што ќе го направи среќен“, изјави мајката на детето.Санеле и неговата сопруга нема да живеат заедно, а обајцата по венчавката се вратиле на своите семејства и стариот живот.„Ќе продолжам да одам во училиште и да учам. Кога ќе пораснам, ќе се оженам вистински и тоа со жена на своја возраст“, вели Санеле.
МакфаксОсумгодишно дете од Јужна Африка се оженило со 61 годишна жена бидејќи така му одредил духот на неговиот предок.

Пронајдете не на следниве мрежи: