Момчето живее со мајка му и сестра му во немаштија. Собирало работи бидејќи мислело дека можат да ги продадат па мајка му ќе му купи работи за на училиште кои ми недостасуваат.Малиот Золтан ги собира остатоците од храна кои ги фрлаат бегалците од Сирија и ги јаде, бидејќи во спротивно ќе умре од глад.
Неговата мајка вели дека не знае кој ги направил фотографиите од нејзиното мало синче. Таа исто така вели дека, иако на фотографиите се гледа дека во кесите има леб и паштети, момчето не носело храна туку само облека и ќебиња кои ги пронашол бидејќи се надевал дека ќе може да ги продаде и нешто да заработи за семејството.
– Сиромашни сме, едвај сврзуваме крај со крај, но моето синче не собира остатоци од мигрантите, вели 33-годишната Силвија.
Таа ја раскажува својата голгота. Со своето синче и двегодишната ќерка живее во куќа во која нема ни струја.
– Животот е неподнослив. Живееме од социјална помош, но секако со две деца не е доволна за ништо. Золтан тргна во училиште, а уште нема ни прибор. Тој веќе гледа дека не можам да се изборам сама со сето ова, вели таа низ солзи.
Таа додава дека и е тешко и нема ништо, но ги разбира бегалците кои немаат ни покрив на главата и би го поделила и последното парче леб со нив.
Фотографијата од осумгодишното момченце го растажи регионот.Малиот Золтан ги собира остатоците од храна кои ги фрлаат бегалците од Сирија и ги јаде, бидејќи во спротивно ќе умре од глад.
Неговата мај