На 70-то издание на еден од најпознатите и најголеми филмски фестивал во светот – Канскиот, во официјална конкуренција за наградата Златна палма ќе се натпреваруваат 18 филмови, јави дописникот на МИА од Париз.На овие 18 филмови дополнително би можеле да им се приклучат и други филмски оставрување, од причина што годинашнава селекција беше објавена порано од вообичаеното, поради претседателските избори во Франција.
Меѓу филмовите во официјалната конкуренција се „Среќен крај“ на австрискиот режисер Михаел Ханеке, кој ќе се обиде по трет пат да ја добие Златната палма, што би бил прв таков случај во историјата на фестивалот.
Во трката за Златната палма се четири француски филма „Роден“ на Жак Дуајон, „Двоен Љубовник“ на Франсоа Озон, „Застрашувачки“ на Мишел Хазанавициус и „120 отчукувања во минута“ на Робин Кампило.
За главната награда ќе се натрпеваруваат и „Пленови“ на Американката Софија Копола, „Вондерстрак“ на американскиот режисер Тод Хејнс, „Окја“ на Кореанецот Бонг Јон-ксо, „Затемнување“ на германскиот режисер со турско потекло Фатих Акин и „Нељубов“ на Русинот Андреј Звјагинцев.
Меѓу ѕвездите што ќе се појават на црвениот тепих на отворањето на Фестивлот се американските актери Хоакин Феникс, Колин Фарел, Џулијан Мур, Кирстен Данст и Ел Фенинг, австралиската ѕвезда Никол Кидман, британскиот глумец Роберт Патинсон и Французите Винсент Линдон, Изабел Ипер, Жан-Луј Трантињан, Луис Гарел и Адел Хаенел.
Француската режисерка Ањес Варда на Фестивалот ќе го претстави филмот „Лица, села“, а Рејмонд Депардон ќе го прикаже документарецот „12 дена принуидно интернирање“. Ќе бидат прикажани и филмот за Северна Кореја „Напалм“ на Клод Ланзалм и „Непријатно продолжение“ на Ал Гор, кој говори за климата,
– Ние сме во политичка сосотојба на претседателските избори во Франција, кои ќе се одржат пред Кан. Се надеваме дека фестивалот ќе биде здив кој ќе ви овозможи да се зборува само за филмот, но Кан не може да ја игнорира политиката, изјави претседателот на Фестивалот Пјер Лескур, на прес-конференција при презентирањето на програмата.
Во однос на безбедноста, тој истакна дека Фестивалот ќе се одржи во услови на вонредна состојба и дека во текот на целата манифетсација, која ќе трае од 17 до 28 мај, во сила ќе бидат зајакнати бебзедносни мерки.
На Фестивалот првпат ќе биде претставена и виртуелната реалност на филмот со оставрувањето „Карне и арена“ на Алехандро Гонзалес Инариту, кое ќе биде претставено како инсталација.
Интерсено е дека од 49 филмови што ќе бидат прикажани на Фестивалот, 12 се режирани од жени, што е досега бајголема бројка на режисерки чии оставрување ќе бидат промовирани во Кан. Златната палма досега има добиено само една жена и тоа Џејн Кемпион.
На Канскиот фестивал исто така ќе бидат претставени и две епизоди од телвизиската серија „Твин Пикс“ на Дејвид Линч.
Фестивалот ќе биде отворен со филмот на Арно Десплешин „Духот на Исмаил“
Официјален селекција на фолмови во конкуренција за Златната палма:
„Бонг приказните на Мејровиц“ на Ноа Баумбах.
„Aus dem Nichts“ на Фатих Акин
„Окја“ на Бонг Јон-ксо
„120 отчукувања во минута“ на Робин Кампило
„Пленови“ на Софија Копола
„Роден“ на Жак Дуајон.
„Среќен крај“ на Михаел Ханеке
„Вондерстрак“ на Тод Хејнс
„Застрашувачки“ на Мишел Хазнавициус.
„Геу-ху“ на Хонг Сангсо.
„Хикари“ на Наоми Кавасе
„Убиството на светиот елен“ на Јоргос Лантхимос.
„Нежно суштество“ на Сергеј Лозница
„Месечината на Јупитер“ на Корнел Мандрусо
„Двојниот љубовник“ на Франсоа Озон
„Вие никогаш не сте биле тука“ Лин Рамсе
„Добро време“ на Бени Сафдие и Џош Сафдие
„Нељубов“ на Андреј Звјагинцев
Селекција „Извесен поглед“ ќе биде отворена со „Барбара“ на Метју Амалрик.
Во оваа селекција се филмовите:
„Пустинска невеста“ на Сесилија Атан и Валерија Пивато
„Tеснота“ на Кантемир Балагов.
„Убавицата и глутницата“ на Каутхер Бен Ханиа
„Работилницата“ на Лоран Канте
„Фортуната“ на Серхио Кастелито
„Девојките од април“ на Мишел Франко
„Запад“ на Валеска Гризебах
„Посоки“ на Стефан Командарев Посоки
„Надвор“ на Ѓерѓ Кристоф
„Anpo Suru shinryakusha“ на Кијоши Куросава
„Во очекување на ластовичките“ на Карим Мусави
„Лерд“ на Мохамед Расулоф
„Млада жена“ на Леонор Серај
„ Реката Виндер“ на Тејлор Шеридан“
„По војната“ на Анарирта Замбрано
Надвор од конкуренција че бидта прикажани:
„Mugen non Junin“ на Такаши Миике
„ How to talk to girls at parties“ на Џон Камерон Мичел
„Лица, села“ на Ањес Варда.
Канскиот фестивал, кој годинава го прославува 70. години, веќе предизвика контроверзии. Официјалниот постер на 70-от Кански филмски фестивал, на кој се наоѓа фотографија на Клаудија Кардинале на покрив на една зграда во Рим во 1959 година, беше критикуван од страна на интернет заедницата и феминистките, кои се незадоволни од дигиталното ретуширање на фотографијата со што актерката има послаби нозе.
Првпат во својата историја, со жирито на Филмскиот фестивал во Кан ќе претседава шпанскиот режисер Педро Алмодовар. Шпанецот, кој ја посакува Златната палма речиси 20 години и никогаш не ја доби, годнава ќе ја додели наградата со помош на Моника Белучи.
Италијанската актерка е официјалната водителка на отворањето и затворањето на Фестивалот, должност која ја имаше и во 2003 година.На овие 18 филмови дополнително би можеле да им се приклучат и други филмски оставрување, од причина што годинашнава селекција беше објавена порано