Осумнаесет пливачи ќе пливаат на 30. Охридски маратон

Осумнаесет пливачи, по девет во машка и исто толку во женска конкуренција, од седум држави денеска точно на пладне кај Свети Наум ќе влезат во водите на Охридското Езеро како учесници на јубилејниот 30-ти меѓународен Охридски пливачки маратон.Тие ќе ја пливаат патеката „Климе Савин“ долга 30 километри од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Првите маратонци се очекува на целта да пристигнат некаде пет и половина часа подоцна.
Македонската пливачка експедиција оваа година ја сочинуваат минатогодишниот победник Евгениј Поп-Ацев, заедно со Томи Стефановски и Александар Илиевски. Фаворити за победници на денешниот пливачки маратон се нашиот Поп-Ацев. Едуардо Стокино од Италија и Дамиен Блаум од Аргентина. Тие ќе се обидат да го соборат рекордот на трката што е сопственост на Рејмонд Аксел од Франција (5:09:54) постигнат во 2013 година.
Охридскиот маратон што се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, е редовна трка од „Гран-при“ серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА) и е најголемата меѓународна спортска манифестација во земјата.
Наградниот фонд на маратонот во Охрид изнесува десет илјади долари. Организатор е Меѓународната пливачка федерација (ФИНА), додека техничката организација е на Македонската пливачка федерација, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Општина Охрид.
Во ФИНА бодувањето се одредува според висината на паричниот фонд, така што победникот на Охридскиот пливачки маратон покрај паричната награда ќе добие и 15 бода на своето конто, второпласираниот 11, третиот 9, четвртиот 7…осмопласираниот 3 бода. Секој што ќе го исплива маратонот во предвидениот временски рок до половина час после пристигнувањето на победникот на целта добива два бода.
Охридскиот пливачки маратон континуирано се одржува од 1992 година, а првиот официјален маратон во Охрид се одржа во 1962 година на патеката Пештани – Струга – Охрид во должина од 36 километри. Победник на првиот маратон беше Египќанецот Абу Хеиф, третото место му припадна на охриѓанецот Дики Бојаџи, додека во женска конкуренција победи неговата сестра Атина Бојаџи.
Релативно малиот број пливачи на годинешниот Охридски маратон е поради учеството на голем број спортисти од светската лига на Летните олимписки игри што се одржуваат во Рио де Жанеиро.Тие ќе ја пливаат патеката „Климе Савин“ долга 30 километри од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Првите маратонци се очекув

Пронајдете не на следниве мрежи: