При фалсифукувањето на документите, луѓето на СДСМ, промашувале имиња и презимиња и ги „штанцале“ без да проверат кои се имињата на лицата во нивните оригинални лични документи.По откривањето на аферата со криминалната група фалсификатори кои биле во тесна соработка и комуникација со луѓе од раководството на СДСМ започнаа да излегуваат на виделина фалсификатите.
Од она што е познато во медиумите такви фалсификати и креирани афери криминалната група блиска до СДСМ спремала за повеќе видни луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од нив е токму Мартин Протоѓер, кому криминалната група не го изоставила па веројатно спремила и фалсификувана афера за него. Ова целосно кореспсондира и со изјавите на скопскиот адвокат Игнат Панчевски кој во емисија изјави дека непознати луѓе на неговата врата оставиле документ од кој наводно се гледа дека Протоѓер живее на адреса Владислав Варнечик во Варна Бугарија и имал некаква сметка во тој град, надополнувајќ, од документот кој го добил, демек дека биле префрлени парите од грчка банка. Она што е воочливо е фактот што во самиот документ е со погрешни податоци, па така место Протоѓер, на фалсификуваниот документ стои Протогер, а највоочливо дека се работи за фалсификат е тоа што Протоѓер не располага со никаков имот во Бугарија, а најмалку живеел на адреса во градот Варна. Тој не располага ниту со бугарски пасош, што е логично доколку располага со имот во друга држава.
Инаку во истрага на обвинителството е пронајдена тајната работилница каде е вршено фалсификување на документите. Станува збор за обемен материјал, опрема и апаратура која се користела за изработка на фалсификуваните лични карти и други документи.
Фалсификувањето го предводел Захир Бекири, кој е познато дека бил во блиска комуникација лично со Заев.
Од досегашната истрага е потврдено дека со него во комуникација бил и техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. И уште еден од приведените бил во комуникација со Спасовски, а тоа е Аднан Сума.
Кај Бекири во фолдер насловен СДСМ се пронајдени и околу 70 илјади разговори со какви располага Заев
Извор: Журнал.нетПо откривањето на аферата со криминалната група фалсификатори кои биле во тесна соработка и комуникација со луѓе од раководството на СДСМ започнаа