Оливер Спасовски ги вдомува партиските послушници кои работеа незаконски и со многу пропусти во Специјалното обвинителство кај Катица Јанева. Притоа веќе се изготвени решенија за Примислав Димовски и Лазе Велковски да станат истражители во СЈО.Против Примислав Димовски во моментов има постапка за незаконско работење. Неговото име во медиумите се појави откако како командант на Алфите ургирал да биде ослободено лице кај кое било пронајдено оружје. За случајот постапка води Внатрешната контрола на МВР.
Лазе Велковски е еден од кадрите на МВР на кој му се случија немирите во скопски Бутел и кој дозволи хулигани да го сквернават местото каде што требаше да се гради крстот. Во јавноста е познат како единствениот телохранител во светот кој пријавил атентат со пластично шише. Во политичките кругови познат е и како телохранител на Радмила Шеќеринска, пишува порталот.
Ангажирањето на Димовски и Велковски од Катица Јанева доаѓа откако Владата ги поништи одлуките со кои Оливер Спасовски незаконски ги унапредуваше.
Специјалното обвинителство очигледно стана одлично место за вработување на партиските кадри на СДСМ но и роднините на Катица Јанева и нејзините обвинители. Медиумите веќе објавија дека до сега се вработени 34 лица од кои најголем дел најблиски роднини на Јанева и нејзините обвинители. Станува збор за ќерки, братучеди и пријатели.
За работата на Специјалното обвинителство и за вработувањата на партиските кадри на СДСМ и роднините на Катица Јанева и нејзините обвинители македонските граѓани плаќаат неверојатни 11.000 евра дневно или вкупно, 4 милиони евра секоја година што е рекорд за обвинителска институција во европски и светски рамки.Против Примислав Димовски во моментов има постапка за незаконско работење. Неговото име во медиумите се појави откако како командант на Алфите урги