Освежети ги вашите уморни очи со неколку брзи трикови!

Миењето со ладна вода е прва помош за темните кругови, кесички од зелен или црн чај ќе ги освежат вашите уморни очи, а помагаат и парчуња од јаболка и бадеми.Кожата под очите е најтенка и најнежна, па на неа најчесто се покажуваат знаците од умор, а за подобро решение ставете две ладни кесички чај и држете ги дваесет минути. За тоа се најдобри кесички од зелен или црн чај кои ги намалуваат отоците и билните чаеви, како што се камилицата, која содржи супстанции кои смируваат воспаление и црвенило.
Јаболката е исто така добро решение за потечени очи. Најпрво ставете ја во фрижидер а потоа парчињата јаболка држете ги на очите околу 10 минути. Танините од јаболката имаат анти-воспалителни својства и помагаат во намалување на отокот. Истото важи и за краставицата. Ладна краставица на парчиња може да го намали отокот на истиот начин со јаболката.
Доколку вашите очи се премногу отечени, може да користите лосиони за очи кои ги смируваат отоците и воспаленијата, но притоа чувајте ги во фрижидер. Како природен лифтинг на лицето може да се замени со белката од јајце. Таа се користи како маска за затегнување на кожата и го спречува создавањето на брчки. Во сад направете микс од неколку белки од јајце и оставете да се стврднат, потоа мешавината нанесете ја под очите и држете неколку минути па исплакнете со вода.
Кожата со сигурност ќе ви блесне. Доколку појавата на темни кругови под очите е честа, применувајте бадемово масло, кое ќе го нанесувате секое утро и навечер.Кожата под очите е најтенка и најнежна, па на неа најчесто се покажуваат знаците од умор, а за подобро решение ставете две ладни кесички чај и држе

Пронајдете не на следниве мрежи: