Искористете ја сезоната на неодоливите цреши и израдувајте ги најмилите со овој фантастичен колач.Состојки:
20 г брашно
90 г мелени толчени лешници
5 г густин
125 г шеќер
Прстофат сол
8 жолчки
310 мл слатка павлака
600 г цреши
Шеќер во прав
Подготовка:
Лешниците пропржете ги во тавче без масло, излупете ја лушпата и иситнете ги во сецкалка. Земете ги жолчките со шеќерот, додадете брашно, густин и сол, прелијте со павлака и се добро измешајте.
На крај додадете и лешници. Откако смесата ќе отстои во фрижидер два до три часа, загрејте ја рерната на 135 степени. Премачкајте сад за печење со путер.
Црешите исецкајте ги на половина и извадете ги семките. Распоредете ги на дното од калапот, па преку нив ставете ја подготвената смеса. Ставете во рерна и печете околу 45 минути. Оладете и ставете шеќер во прав.Состојки:
20 г брашно
90 г мелени толчени лешници
5 г густин
125 г шеќер
Прстофат сол