Освојте 15.000 евра од HYUNDAI: Аплицирајте на конкурсот за најдобар бизнис план!

Хјундаи и JA-YE Europe во соработка со Економско образование на млади менаџери (Junior Achievement – Македонија) отпочнуваат иницијатива која што ќе им помогне на студентите од Македонија да ги претворат своите бизнис идеи во реалност преку иницијативата „Брилијантни млади претприемачи” (Brilliant Young Entrepreneurs).Причина за да се натпреваруваш:
* Да освоиш награда од 15.000 евра
* Менторство од врвни бизнис експерти
Како да се пријавите за бизнис план натпреварот:
* Посетете ја веб страницата https://www.brilliantentrepreneurs.org
* Доставете Бизнис концепт од максимум пет страници
*Краен рок за поднесување на бизнис планот е 10.05.2014 година. на e-mail адрресата [email protected]
Најдобрите 10 бизнис планови ќе бидат поканети да ги презентираат своите идеи во живо на 24.05.2014 година во Скопје
Кој може да учествува?
Студенти од сите факултети на возраст од 18-34 години кои се на додипломски, магистерски и докторски студии, државјани на Република Македонија.
Критериуми за оценување
Бизнис потенцијал: Решението има доволен бизнис потенцијал за да ја оправда инвестицијата и ризиците кои што ќе се преземат.
Иновација: Решението е иновативно, и како тоа гo разликува од конкуренцијата.
Можности за раст: Демонстрира колку добро е позициониран start-up бизнисот за да се развива и расте, колку силен е маркетинг планот и колку е мерлив бизнисот.
Влијание во заедницата: Како бизнисот ѝ користи на локалната заедница.
Финансиски резултат: Колку е одржлив бизнис планот по start-up периодот и предвидувања како ќе бидат потрошени 15.000 евра.
Пријавете се сега!
Доставете Бизнис концепт од максимум пет страни. Документот треба да содржи:
* Резиме од максимум една страница кое што треба да овозможи неопходни информации за демонстрирање на бизнис потенцијалот, одржливост на решенијата и мотивација и подготвеност на тимот да направи реален бизнис.
* Финансиско предвидување (предвидување на приходи и расходи, готовински тек на паричните средства и коментари) да не е повеќе од една страна и да овозможи доволно информации за растот и инвестицискиот потенцијал.
* Прилози кои даваат информации поврзани со резимето и финансиските предвидувања.
Бизнис концептите треба да бидат презентирани во PDF формат и фајлот да не е поголем од 5 MB.
За повеќе информации контактирајте со: Јасмина Манева – [email protected], тел.02/32 32 653 , 075 451 36Причина за да се натпреваруваш:
* Да освоиш награда од 15.000 евра
* Менторство од врвни бизнис експерти

Пронајдете не на следниве мрежи: