Освојувач на Вимблдон си ја отвори душата и зборуваше како се договараат натпревари

Данскиот тенисер Фредрик Нилсен, инаку член на победничкиот машки дабл на Вимблдон минатата година, изјави дека тенисерите под 100-то место не заработуваат и дека на него му се нудени пари за намерно да го изгуби мечот.
Данецот тврди дека тенисерите над 100-то место на АТП листата едноставно имаат мака да заработат па така често можеби и влегуваат во овие матни зделки.
„Да, еднаш, но веднаш одбив тоа да го направам. Меѓутоа, ако сте помеѓу 100-то и 400-то место на АТП листата, како тенисер не заработувате. Никогаш не сум прифатил да примам пари за да би наместил натпревар, но можам да разберам дека е искушение да прифатите да земете на пример 30.000 долари за да изгубите на челинџ каде најмногу можете да заработите 1.000 долари. Луѓето едноставно имаат семејства кои мораат да ги хранат“ изјави данецот.Данскиот тенисер Фредрик Нилсен, инаку член на победничкиот машки дабл на Вимблдон минатата година, изјави дека тенисе

Пронајдете не на следниве мрежи: