Осврти кон домашното и кон европското творештво во „Совршен облик“ од Раде Силјан

Во значаен дел од книгата, авторот дава критички осврти и мислења за улогата и поврзаноста на творештвото на автори од Балканот и од делови на Европа, со нашата книжевна традиција.Анализи и осврти кон делата од наши истакнати поети, прозаисти, како и творештвото на балканските и дел од европските народи се застапни во книгата со есеи и критики „Совршен облик“ од поетот и книжевник Раде Силјан, објавена во издание на „Матица македонска“.
Силјан во делото зборува за исклучителната улога што во нашата книжевна историја и сегашност ја имаат поетите како Матеја Матевски, Ефтим Клетников, Радован Павловски, Санде Стојчевски, Светлана Христова-Јоциќ.
Авторот посветува и поголемо внимание кон творештвото на авторите кои оставија и оставаат трага во нашето прозно модерно и современо творештво. Така, Силјан дава осврти кон делата на Владимир Костов, Ташко Георгиевски, Блаже Миневски, Паскал Гилевски.
Во значаен дел од книгата, авторот дава критички осврти и мислења за улогата и поврзаноста на творештвото на автори од Балканот и од делови од Европа, со нашата книжевна традиција. Во поглавјето од книгата, насловено„Приближувања“, Силјан говори за великаните-книжевници како Шандор Петефи, Каролина Илика, Љубомир Левчев, Бранко Миљковиќ.
Значајно место во „Совшен облик“ имаат и двата регистри, односно регистарот на лични имиња, како и регистарот на дела, книжевни списанија, манифестации и награди, кој е реткост во домашните објави. Објавени се и белешки, коментари и подетални податоци за секој од авторите застапени во книгата.
Раде Силјан е автор на петнаесет стихозбирки, на дваесет дела од доменот на критиката и есеистиката и на десет антологии од македонската драма, расказ, поезија и критика. Приредил дваесетина повеќетомни избори од творештвото на врвни македонски писатели, јубилејни изданија на знаменити дела од нашето книжевно минато, како што се „Зборникот на Миладиновци“, „Бели мугри“ од Рацин на сите словенски јазици, монографии и студии за македонскиот фолклор, за македонската народна митологија, за средновековното македонско сликарство и копаничарство, стотина преводи на светски класици и современи автори од сите меридијани.
Негови дваесет и четири книги се преведени на англиски, руски, турски, грчки, италијански, бугарски, унгарски, српски, украински, албански, полски, романски, словенечки и латински јазик. Добитник е на дваесетина значајни национални и меѓународни награди.Анализи и осврти кон делата од наши истакнати поети, прозаисти, како и творештвото на балканските и дел од европските народи се застапни во книгата

Пронајдете не на следниве мрежи: