Отчетот на Жерновски е празен, без сериозен реализиран проект

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар денеска потсети на ветувањата од програмата на градоначалникот Андреј Жерновски кои не беа реализирани во неговиот мандат.Советничката Елена Петковска истакна дека е одличен гест што Жерновски го следи примерот на ВМРО-ДПМНЕ за отчетност пред граѓаните, но како што вели, мора да му напоменеме дека отчетот не смее да биде фрлање на десетици и десетици илјади евра, а внатре да е празен без ниту еден сериозен реализиран проект.
-Андреј Жерновски, како што започна неговиот мандат, така и заврши – со плачење пред граѓаните. Зошто плаче Андреј? За да ја затскрие неговата неспособност и нереализирани ветувања од позиција на градоначалник на општина Центар, посочи Петковска.
Според неа, Жерновски во програмата пред четири години ветил многу работи, а сега, по четири години гледаме дека многу работи останаа само ветување.
-Во неговата програма, на страница бр. 5 јавно вети пред граѓаните дека веднаш ќе пристапи кон ревизија на веќе донесенените детални урбанистички планови на оние локации каде има бројни и сериозни забелешки од граѓаните. За неговиот мандат од четири години во општина Центар не е изгласан и донесен ниту еден нов детален урбанистички план. Денес општина Центар има потполно исти урбанистички планови во сила, кои се донесени пред неговото доаѓање на власт во Центар, потенцира Петковска.
Советничката потсети дека во неговата програма, Жерновски ветил реконструкција и изградба на јавното осветлување во вкупна должина од 26 километри.
-Не само што не го реализира ветеното, туку во одредени населби и таму каде има поставено инсталација и каде има осветлување, сега е мрачно поради неодржување на инсталацијата, истакна Петковска.
Потенцира дека во програмата на градоначалникот на Центар било ветено и обезбедување на редовен на одржувањето на лифтовите во колективните станбени згради, обезбедување функционални противпожарни апарати во влезовите во колективните станбени згради, надворешно осветлување на влезовите во колективните станбени згради, осветлување на поголемите паркинзи во општината, осветлување на поголемите паркинзи во општината, обезбедување на видео надзор во поголемите паркинзи во општината, изградба на безбедни училишни премини на сообраќајниците во непосредна близина на градинките и училиштата, обезбедување на персонал за безбедно преминување на учениците и нивните родиели, со соодветните термини пред почетокот и по завршетокот на наставата, на сообраќајниците во непосредна близина на градинките и основните училишта. Петковска посочи дека ништо од ова не е сработено досега.
-Во неговата програма, на страница бр. 12 јавно вети целосно уредување на сите училишни дворови, целосно осветлување на сите училишни дворови, бесплатна чаша млеко или парче овојшје за секој ученик во општината, субвенционирани спортски курсеви за заинтересираните ученици во повеќе популарни спортови, обновување и оживување на секциите во основните училишта со вклучување и на дополнителен воннаставен кадар. Сега, после четири години, ниту дворовите се уредени, ниту капка бесплатно млеко не е доставено, ниту другите работи, истакна советничката од ВМРО-ДПМНЕ.
Во неговата програма, вели Петковска, на страницата број 18 јавно вети енергетско ефикасни фасади на сите училишта и градинки, замена на прозорците во сите градинки и училишта, набавка и монтажа на соларни панели за сите детски градинки, комплетно штедливо јавно осветлување, но според неа, реализицаијата на овие ветувања е еднакво на нула.
-Ова е четиригодишниот мандат на Жерновски. Граѓаните на општина Центар ќе имаат одлична можност во октомври да му стават крај на неговото неработништво, истакна Петковска.Советничката Елена Петковска истакна дека е одличен гест што Жерновски го следи примерот на ВМРО-ДПМНЕ за отчетност пред граѓаните, но како што вел

Пронајдете не на следниве мрежи: