Таа била првата жена која победила на натпреварот по слабеење „Најголем губитник“, откако изгубила 50,8 килограми во ова ријалити.Али Винсент (41), поминала седум години во одржување на новата тежина, но кога во 2015 година доживеала сексуален напад додека била на масажа, се вратила на старата тежина за само 12 месеци.
„Отидов на масажа и заспав при третманот. Се чувствував безбедно и не мислев дека сум загрозена на било кој начин. Но, одеднаш се разбудив бидејќи почувствував нешто тврдо во меѓуножјето. Бев во шок и не знаев точно што се случило“ –рекла таа.
Но, објаснила дека веднаш станала и истрчала од собата.
Веднаш потоа го повикала менаџерот на салонот и му рекла дека терапевтот ја нападнал. Меѓутоа, тој ладно истакнал дека „терапевтот не ја силувал“. Поради претрпената траума, таа се затворила во себе и се посветила на планирањето на свадбата.
„Бев зафатена. Не сакав да се соочам со она што ми се случи“ – додала таа.
По свадбата ја повратила старата тежина од 106 килограми за само 12 месеци, сѐ поради тоа што не раскажала никому што се случило.
Сега повторно се посветила на вежбањето и истакнува дека конечно се чувствува доволно силно за да презеде контрола врз животот.
Погледнете го видеото:Али Винсент (41), поминала седум години во одржување на новата тежина, но кога во 2015 година доживеала сексуален напад додека била на масажа, се в