„Отидов во Црна Гора за сезонска работа, а завршив како проститутка…“

„Отидов на море да работам како танчерка во еден познат клуб на црногоркото прморје. Не помина ниту еден месец, а газдата ми понуди да играм на туристички брод кој плови навечер. Се согласив, и оттогаш започна пеколот во мојот живот“, раскажува М.Б. од Нови Сад која наместо да летува и да работи сезонска работа – завршила во ланец на проституција.СТРАВ – М.Б. вели дека очекувала дека може да добие непристојна понуда, но ја запрепастило тоа што немала друг избор.
– Покрај мене на бродот имаше уште 5 девојки, а единствено што можев во тој момнт е да скокнам од бродот и да пливам до брегот кој не се ни гледаше. Останатите девојки знаеа што ги чека. Бев сама и без можност да избегам од сето тоа. После таа ноќ газдата ми купи нова облека и шминка, и ме премести на друго место. Никаде не одев сама, и конечно после 20 дена успеав да му се јавам на еден мој пријател и да го замолам за помош. Ме извлече така што се закануваше дека се ќе каже во медиумите. Така се вратив во Србија, но се уште ми е страв – вели М.Б.
Многу девојки кои заминуваат да работат во Црна Гора и завршуваат во ланец на проституција, многу е тешко да им влезете во трага бидејќи тие прво одат да работат на туристичките места како келнерки, танчерки или хостеси.

 
– Сите работи кои на почетокот им се нудат на девојките не се сомнителни. Девојките еден месец работат како келнерки, за после тоа сопствениите на локалот или некои други мажи од нивното окружување да им купат облека и да им понудат подобро сместување. После тоа девојката запаѓа во должничко ропство, бидејќи нема пари да го врати се тоа што го добила и приморана е да се проституира. Од друга страна има девојки кои свесно влегуваат во ланецот на проституија мислејќи дека ќе заработат огромни пари и ќе излезат оттаму кога и да посакаат, – вели Аида П. од невладина организација во Црна Гора.
Покрај Црна Гора девојките заминуваат и во Дубаи и во Турција, најчесто преку поредство на модни агенции. Најпрво се модели, а потоа проститутки кои заработуваат по 100 евра за еден час.
„Жртви на насилство од секаков вид“
ТЕРОР – Девојките трат разни видови на насилство, а повеќето консумираат дрога и алкохол. Меѓу нив има и малолетни, но макроата им обезбедуваат документи, со кои се наводно полнолетни. Од друга страна и девојките кои имаат ХИВ или друго заболување, имаат документи дека се здрави – Вели Аида Петровиќ.СТРАВ – М.Б. вели дека очекувала дека може да добие непристојна понуда, но ја запрепастило тоа што немала друг избор.
– Покрај мене н

Пронајдете не на следниве мрежи: