Две жени од Индијана, се борат за живот откако брутално биле нападнати при утринското трчање.Роднините, 19-годишната Изабела Џорџ и 20-годишната Ребека Форги, одлучиле да одат на трчање покрај селскиот пат во округот Карол, Индијана, кога одеднаш биле нападнати од четири питбул териери.
Кога ја сфатиле намерата на кучињата, двете жени трчале преку полето назад кон куќата, но кучињата ги стигнале и ги собориле на земја. Потоа почнале да им ја кинат кожата и месото од нив.
На Ребека ѝ недостига 75% од скалпот, а ѝ ги откинале и мускулите од нозете.
И покрај повредите, таа е во стабилна состојба и се наоѓа на интезивна нега, но ќе ѝ треба трансплатација на мускулите и кожата и никогаш повеќе нема да може да ѝ израсне коса.
Нејзината фотографија не е објавена поради вознемирувачката содржина.
Изабела поминала подобро. Таа закрепнува дома од раните од каснувањата и големите модринки преку целото тело. Трагите од заби и месо кое недостасува се видливи на рацете и нозете.
Според медиумите, тие се бореле со кучињата околу половина час. Сопственикот на кучињата Ричард Дартер, пристигнал на лице место и се обидел да го спречи нападот, но и тој бил нападнат. Тој има рани од вратот до нозете, а 3 прсти морале да му ги сошијат назад на место!
Жените и сопственикот биле спасени кога една од жените која поминувала го видела нападот и со пикап поминала низ полето и ги исплашила кучињата. Тогаш им довикала да влезат во камионот и ги однела веднаш на ургентен центар.
Жената-херој како да била испратена од Бога да ги спаси, затоа што тоа и не е некој прометен пат.
Полицијата ги пронашла кучињата следното утро. Едното е убиено на лице место, а останатите три се еутаназирани.
Сопствениот претходно е предупредуван поради тоа што ги изгладнувал кучињата.
„Судејќи по повредите кои ги нанеле на жртвите, се грижам дека кучињата ги нападнале жените буквално за да преживеат“ – изјавил локалниот шериф.
Роднините, 19-годишната Изабела Џорџ и 20-годишната Ребека Форги, одлучиле да одат на трчање покрај селскиот пат во округот Карол, Индијана, кога о



