Откако дознала дека едното дете ѝ умира, ја видела оваа фотографија од ултразвук

Откако  на Американката Британи Мекинтри открила дека едното дете од близнаците кои ги очекува умира, целото  семејство  било завиено во тага. Но, една фотографија од ултразвукот ги утешила. На сликата се гледа како момчето, на кое докторите му откриле дупка во срцето и оштетување на мозокот, ја држи својата сестричка за рака. „Докторот рекол дека не се гледа многу јасно, но се препознаваат неговата и нејзината рака и се чини дека се држат за раце“, раскажува мајката.Британи и нејзиниот сопруг Иан не планирале да имаат уште деца, а уште помалку близнаци.

„Кога дојдовме на ултразвук, ни рекоа дека имаме две срца кои чукаат“, вели мајката која стравувала кога ѝ кажале дека едното бебе не се развива како што треба.
„неговата единствена можност за преживување би била операција на срцето, но не сакаат да го оперираат поради проблемите со мозокот“, вели Британи.

Сепак, снимката од ултразвук ги утешила. На снимката се гледа како момчето Мејсон ја држи за прст својата сестра Меделин.
„Повеќето близнаци  на ваквите снимки меѓусебно се удираат, а ни кажаа дека се чини дека нашите близнаци се однесуваат многу заштитнички“, вели Британи.
Додала дека таа фотографија е нешто што ќе го имаат засекогаш.Британи и нејзиниот сопруг Иан не планирале да имаат уште деца, а уште помалку близнаци.

Пронајдете не на следниве мрежи: